Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Телефонски разговор Муцунски – Ландау: Потврдена конструктивната и блиска соработка со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински денеска телефонски разговарал…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински денеска телефонски разговарал со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, при што била потврдена конструктивната и блиска соработка со САД, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО.

-Денеска остварив телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. Во разговорот ја потврдивме конструктивната и блиска соработка со САД, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата, објави Муцунски на Фејсбук.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

Реклама

Во разговорот, како што информира Муцунски, размениле мислења за потенцијалот и подготвеноста за понатамошно продлабочување на економските врски, вклучително и зголемување на трговската размена и привлекување нови инвестиции.

-Ја реафирмирав нашата силна посветеност кон унапредување на билатералните односи со САД, како и кон зајакнување на заедничките напори за безбедност, стабилност и просперитет во регионот, нагласи Муцунски.