Реклама

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Прилози

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Јавните услуги и личните документи на мобилен телефон. Стартува мобилната апликација „м.услуги“.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавните услуги и личните документи на мобилен телефон. Стартува мобилната апликација „м.услуги“. Први документи што им се достапни на граѓаните се дигиталната лична карта и возачка дозвола. Од услугите , граѓаните имаат пристап до обрасците за пријавување и одјавување од работен однос М1 и М2, образецот за податоци за стажот, плати и надоместоци М4, како и податоците  на граѓаните од централниот регистар. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски прв ги внесе податоците за да дојде до дигитална лична карта преку мобилната апликација. Таа може да се преземе бесплатно преку платформите Google Play и App Store. Андоновски вели дека потврдата на документите ќе се врши со еднократен QR код, кој истекува секунди по користењето, со што се заштитува безбедноста на податоците на граѓаните.

„Во следните фази е предвидено воведување на интегрирани плаќања, можност за користење фотографија во постапките каде што тоа е потребно, нови електронски документи како изводи, уверенија и дипломи, како и значително проширување на бројот на достапни услуги. Нема прво да дигитализираме што е најлесно за администрацијата. Ќе дигитализираме што им е најпотребно на граѓаните“ – вели Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација.

Целта на мобилната апликација м.услуги е помалку трчање по шалтери низ институции, употреба на хартиени документи и побрзи услуги за граѓаните. За премиерот Мицкоски, главната придобивка за граѓаните е тоа што се намалува губењето време за вадење на разни документи.

Реклама

„Се надевам дека оваа апликација ќе ја доживее својата иднина во вистинска смисла, односно најголем дел од услугите коишто им се потребни на граѓаните, а коишто секојдневно се некаков предизвик, ќе можат да ги искористат користејки ја оваа апликација. Мораме да се движиме со современите текови на човештвото и како влада продолжуваме да го чекориме тој пат и тој пат нема траекторија наназад, туку само напред со повеќе услуги, поедмоставен живот и намалување на стресот и предизвиците кои во секојдневието ги имаат граѓаните“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Крајната цел е македонските граѓани да можат да пристапат до т.н. дигитален паричник на Европската Унија, кој ги обединува дигиталните документи, услуги и плаќања за граѓаните и фирмите.

„Неговата главна цел е секој да ги олесни секојдневните активности независно дали тоа значи отворање на банкарска сметка, потпишување официјални документи, запишување на универзитет или пристап до владини услуги во друга земја на ЕУ. Една од најголемите предности на дигиталниот паричник на ЕУ е тоа што е многу корисен и згоден. Може да ја намали бирократијата и ги прави услугите полесни и побрзи за пристап. Друга голема придобивка е тоа што се признава признани меѓугранично, што е многу важно затоа што наменето е да функционира низ сите земји членки на ЕУ. Ова е особено корисно за луѓе коишто студираат, работат, патуваат или имаат деловни активности во различни земји на ЕУ. Паричникот се фокусира на приватност и безбедност“ – вели евроамбасадорот Рокас.

За практични примери како покажување на лична карта и возачка дозвола преку мобилен на сообраќајна полиција, на пример, ќе треба да се почека први да се променат подзаконските акти. Во иднина во апликацијата ќе бидат додадени и документи од другите е системи во областа на здравството, финансиите, ујп и слично.