Реклама

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Хроника

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Шок во Ѓорче Петров – 76-годишна жена е пронајдена мртва во својата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шок во Ѓорче Петров – 76-годишна жена е пронајдена мртва во својата куќа, а на телото имало видливи траги на насилство. Случај кој е речиси идентичен со оној од пред пет дена, кога во својот дом беше најдено телото на 62-годишен маж, кој исто така имал видливи повреди. Засега нема никакви информации дали станува збор за убиства, на што укажуваат повредите или дали воопшто двата случаи се поврзани, или станува збор за несреќна коинциденција.

Мртвата жена ја пронашла нејзината ќерка, која веднаш потоа, уште во 9 часот изутрината, повикала полиција и Брза помош. Лекарите, кои брзо пристигнале на местото, можеле само да констатираат смрт. Со оглед на тоа што имало видливи траги на насилство, телото веднаш било испратено на обдукција за да се утврди дали станува збор за убиство или нешто друго е причина за смртта.

  • „Известен е јавен обвинител, по чии насоки телото е дадено на обдукција. СВР Скопје презема мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Од МВР засега не откриваат повеќе детали за случајот или за околностите под кои настапила смртта на 76-годишната жена. Со оглед на тоа што немало траги од убоди или прострелни рани, обдукцијата треба да покаже дали повредите се резултат на тепање или, пак, на удари со некаков предмет, и дали биле причина за смртта. Исто така, не е познато дали има траги дека некој насилно влегол во домот или, пак, дали недостасува нешто што би укажувало на кражба. Сето тоа треба да го покаже полициската истрага и да утврди дали има елементи на кривично дело. Клучни се наодите од обдукцијата, по кои обвинителството ќе ги насочи понатамошните постапки.

Реклама

Случајот предизвика внимание затоа што пред само пет дена, односно на 22 октомври попладнето, полицијата беше соочена со речиси идентичен случај. Тогаш 62-годишен маж беше пронајден мртов во својот дом, исто така во скопската населба Ѓорче Петров. И во тој случај лекарот само констатирал смрт на лице место, но утврдил и видливи траги на насилство. Телото на мажот беше предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител, но засега не се споделуваат детали.

Засега нема официјални информации за можни осомничени лица во двата случаи, ниту дали настаните воопшто се меѓусебно поврзани. Тоа што отвора сомнеж е фактот дека станува збор за иста населба, дека на двете тела имало траги на насилство и дека се работи за повозрасни лица кои се пронајдени мртви во своите домови. Истрагата треба да даде одговор дали станува збор за грабежи кои завршуваат со убиство или, пак, евентуалниот сторител имал друг мотив.