Реклама

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Хроника

Убиени па ограбени – Полицијата сомничи двајца за двете убиства во Ѓорче, едниот е веќе уапсен

Убиле 62 годишен маж, а по пет дена убија и 76 годишна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Убиле 62 годишен маж, а по пет дена убија и 76 годишна жена во Ѓорче Петров. Двајца скопјани се осомничени за убиствата во скопската населба. Еден е веќе приведен и се наоѓа во полициската станица во Карпош додека,  вториот се уште го бара полицијата.

Алфа од полицски извори дознава  дека и двете убиства биле извешени на речиси идентичен начин  при кражба во домовите на жрвите. Убиените се пронајдени со врзана уста и со слични траги на насилство по целото тело. Осомничените многу веројатно биле добро информирани дека жртвите  поседувале одредена сума на пари и злато. Неофицијално по убиствата  биле лоцирани и како се движат околу казина во Скопје –  информација за која потврда треба да даде истрагата.   

Потрага по потенцијалните убијци започнала уште утринава. Полицајците лоцирале еден од осомничените и тој бил уапсен во село Визбегово, по што е спроведен во полициска станица на распит. Вториот пак се уште не е пронајден. Неофицијално полицијата му влегла во трага и тој се уште се крие на скопска територија.

Реклама

Изутрината за убиството на 76 годишната  на 192  пријавила нејзината ќерка.  . Веднаш повикала и брза помош, но лекарите само констатирале смрт.

Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција. СВР Скопје презема мерки за утврдување на причините и за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Првата жртва е маж на 62 годишна возраст, кој беше пронајден мртов во својот дом пред само пет дена исто така со видливи повреди . 

Истражните органи  не споделуваат официјално деталза околностите под кои биле пронајдени жртвите. Обдукцијата пак ќе покаже дали повредите се резултат на крвничко тепање или удари со некаков предмет, и дали поради тоа настапила смртта или можеби станува збор за задушување.

Се очекуваат и дополнителни инфромации околу тоа дали двајцата осомничени насилно влегувале во домовите по што ги напаѓале жртвите.