Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

МВР: Македонски полициски службеници на семинар на ROADPOL во Шпанија за примена на нови технологии во сообраќајната контрола

Припадници на Одделението за претходница и сообраќајно-ескортно обезбедување при Министерството за внатрешни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Припадници на Одделението за претходница и сообраќајно-ескортно обезбедување при Министерството за внатрешни работи од 19 до 23 октомври учествувале на меѓународниот семинар „Technology for Road Policing“, организиран во рамки на Европската мрежа на сообраќајни полиции (ROADPOL) во соработка со Школата за сообраќај на шпанската Цивилна гарда.

Како што соопшти МВР, семинарот се одржал во Мадрид и Мерида, во Кралството Шпанија, и собрал полициски претставници од 20 европски земји и земји од Блискиот Исток.

Фокусот на настанот бил ставен на размена на професионални искуства, презентација на современи технолошки решенија и унапредување на методите за контрола и надзор на сообраќајот, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Реклама

Учесниците имале можност да се запознаат со најновите технологии за откривање сообраќајни прекршоци и со современи практики за подобрување на безбедноста во патниот сообраќај. Во рамки на програмата била реализирана и показна вежба на припадници на шпанската Цивилна гарда, при што биле демонстрирани полициски мотоцикли и техники за прецизно и контролирано управување со нив во извршување на службените задачи.

Според МВР, учеството на семинарот претставува можност за директно запознавање со европските искуства и практики во областа на сообраќајната безбедност, како и за разгледување на можностите за примена на нови технологии и методи во секојдневното полициско работење.

Од Министерството посочуваат дека Секторот за сообраќајни работи континуирано ги поддржува активностите насочени кон јакнење на професионалните капацитети, размена на меѓународни искуства и примена на современи пристапи во полициското постапување, со цел поефикасно спречување на сообраќајните незгоди.