Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Прилози

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

23 октомври е еден од датумите што оставиле голема трага во македонската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

23 октомври е еден од датумите што оставиле голема трага во македонската историја. На овој ден, пред 133 години, во Солун била формирана Македонската револуционерна организација, чии идеали биле слободна и независна држава, објаснува историчарката Наташа Спирова, кустос во Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско од 1893 до 1934 година.

„23 октомври за македонскиот народ е голем ден, кога Македонецот конечно ја добива онаа самосвест дека е дојдено времето Македонија да се ослободи од Османлиите или од османлискиот период, за којшто знаеме дека траел пет и пол века“, изјави Наташа Спирова, кустос во Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско од 1893 до 1934 година.

Двајца од шестмината млади интелектуалци кои во 1893 година во Солун ги поставиле темелите на организацијата, Даме Груев и Петар Поп Арсов, се дел од поставката со единаесет восочни фигури во штипскиот Музеј на дејците на ВМРО. Меѓу нив се и Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Мише Развигоров, Тодор Александров, Ванчо Михајлов, како и други учители и револуционери поврзани со Штип и Штипско. Изложени се и старо оружје, јатагани и кубури, а најстариот пишан документ е расписка од 21 ноември 1902 година, со која во касата на ТМОРО биле уплатени 600 гроша.

Реклама

„Може да се сретнат вредни експонати, оригинални документи, оружје или лични предмети што им припаѓале на самите овие луѓе, кои, како што реков, биле дел од организацијата. Но, исто така, можат да се сретнат и многу предмети од социјалниот живот на луѓето кои живееле кон крајот на XIX век. Во Штип, поточно во Ново Село, ќе напоменам дека токму овде е отворено и училиштето во кое за првпат дошле Даме Груев и Гоце Делчев“, изјави Наташа Спирова, кустос во Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско од 1893 до 1934 година.

Овој музеј е особено интересен за учениците, бидејќи историјата не ја изучуваат само од учебниците, туку имаат можност да ги видат дејците во природна големина, објаснува Спирова.

„Преку овој музеј развиваме интеракција помеѓу минатото и сегашноста, помеѓу историјата и современото живеење. Денес ние го живееме нивниот сон – слободна и независна македонска држава“, вели Наташа Спирова, историчар и кустос во Заводот за заштита на спомениците и Музеј – Штип“.

Музејот на восочни фигури е отворен пред 12 години и се наоѓа во куќата на Андонови во штипско Ново Село, објект препознатлив по старата градска архитектура. Во внатрешноста е целосно зачувана автентичноста, а во дворот се наоѓа и надгробната плоча на Мише Развигоров, на која има симболи што се поврзуваат со масонската ложа.