Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Задоцнета правда и огромен број нерешени судски случаи кои фаќаат прашина во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задоцнета правда и огромен број нерешени судски случаи кои фаќаат прашина во фиоките. 18 од 34 судови не успеале да го совладаат приливот на предмети, а над 134 илјади останале нерешени лани. Ова го покажуваат податоците од годишните извештаи кои се најдоа пред пратениците на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Според првиот човек на Судскиот совет, причината за ваквата ситуација е недоволниот број на судии и судски службеници.

„Ние имаме проблеми со човечки ресурси. Судскиот совет нема преведувач од македонски на албански јазик. Во последните 10 години бараме одобрение за преведувач. Кога недоволно се финансираат судството и ваквите институции, се случуваат вакви пропусти“, изјави Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет.

За потребата од поголем буџет и дополнителни вработувања согласност има и кај власта и кај опозицијата.

Реклама

„Во однос на судскиот буџет, морам да кажам дека има објективна нота, а тоа е потребата од дополнителни средства и човечки ресурси. Тоа ќе помогне во зголемувањето на капацитетот на судовите за решавање на проблемите на сите граѓани, без разлика дали некој има предмет во Скопје, Битола, Крушево или Куманово“, изјави Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата посочуваат дека одговорноста за обезбедување средства и услови е кај извршната и законодавната власт и посочија дека само три проценти од судскиот буџет се издвојуваат за капитални расходи, иако судовите и судските службеници имаат потреба од подобра опрема, простор и дигитализација.

„Од средствата со кои располага судството, 79 проценти одат за плати, 13 проценти за стоки и услуги, 4 проценти за субвенции и трансфери, а само 3 проценти за капитални расходи“, изјави Соња Мираковска, пратеничка од НСДП.

Извештајот бележи и 90 нови барања за утврдување одговорност, кои опфатиле 161 судија, како и 425 претставки, од кои 13 биле оценети како основани. Дел од претставките се однесувале на одолговлекување на постапките и непочитување на законските рокови.

Инаку, годинава, за првпат, согласно новото законско решение, јавната расправа за извештаите од Судскиот совет ја следеа и претставници на невладини организации од областа на правосудството и човековите права.