Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Tоп

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Македонската државност е заедничка одговорност на сите граѓани, а најголемата обврска на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската државност е заедничка одговорност на сите граѓани, а најголемата обврска на денешните генерации е да создадат држава во која младите ќе имаат надеж, родителите спокој, а секој човек ќе може достоинствено да живее. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на централната свеченост по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, насловена „Свои на своето“ одржана во Македонскиот народен театар.

Мицкоски истакна дека македонското име, јазик, култура и историско паметење се темелни вредности што треба да им се пренесат на идните генерации. Според него Македонија треба да гради прајателства со сите, но со почитување на сопствениот интенгритет и достоинство. Иако граѓаните се изморени од евроинтегративниот пат и билатерланите условување, местото ни е во ЕУ, за да може државата одвнатре да ги застапува своите позиции, порача Мицкоски.

  • „Нашиот источен сосед сè до нејзиниот влез немаше ниту една забелешка за добрососедските односи. Сè дотогаш не се интересираше за Бугарите, за кои таа тврди дека е многу важно да бидат дел од нашиот Устав, никој не знаеше за барем еден случај на обесправен самодеклариран Бугар во државава, иако денес лелекаат за неколку, ниту пак некој од нив велеше дека Гоце, Јане, Карев, Ѓорче се луѓето коишто денеска според нив се Бугари. И сè така до влезот во Европската Унија, кога влегоа во просторијата каде што не сме ние и од каде што сега ги користат сите механизми да нè закочат“ рече Мицкоски.

Премиерот порача дека нема да дозволи, нечесни игри и политички авантури што би можеле да ја загрозат државата. Предупреди дека безбедносните служби на Балканот никогаш не престануваат да дејствуваат и дека не би го изненадиле обиди Македонија да биде вовлечена во проблемите и нестабилноста на соседните земји.

Реклама
  • „А на Балканот службите никогаш не престануваат да работат. И нема да ме зачуди доколку има и такви кои ќе се обидат да нè вмешаат во нивните проблеми или да префрлат дел од нивниот амбиент во нашето секојдневие. А што се однесува до домашни актери за таква игра, тоа е многу лесно. Има неколку од опозицијата, што за пари и лажни ветувања за фотелја чуда умеат да прават. И затоа е многу важно народот да е високо свесен, да не потпаѓа на разни провокации, да не се наметнуваат вештачки прашања или хиперболизирани етнички“ рече Мицкоски

Инфраструктурните и развојните проекти се континуитет во две ипол годишното работење на владата, рече премиерот, при што понуди бројки за повеќе од 1.200 активни градилишта низ земјава. Порака како отчет за граѓаните и одговор на редовните прозивки од опозицијата.

  • „И кога ќе речат од опозицијата: „Што направивте за дваесет и седум, осум месеци откога сте влада?“ Тој период со огромни проблеми и планини коишто ни ги оставија, во услови на епски најголемата енергетска криза којашто човештвото ја памети не само во овој век туку и пошироко, градиме наеднаш шест нови автопатски делници, два гасоводи, еден далекувод. Пуштивме еден реновиран по европски стил студентски дом, наскоро ќе пуштиме уште еден, а осум нови училишни студентски домови допрва ќе се реновираат. Повеќе од 90 милиони евра вложени во образовната инфраструктура. Повеќе од половина милијарда евра алоцирани средства од централниот буџет за општините за повеќе од 1.200 проекти коишто денеска го подобруваат животот на нашите граѓани..“ порача Мицкоски.

Во своето обраќање по повод 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, Мицкоски истакна дека е свесен за заморот и разочараноста на граѓаните,  кои работат чесно, а на крајот од месецот пресметуваат што можат да платат а што мора да одложат. Им порача на функционерите дека мора да покажат скромност и почит кон тие луѓе, и дека довербата што им ја дале, мора секојдневно да ја оправдуваат.