Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Свет

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Србите утре бираат помеѓу Вучиќ и Студентите. Кој ќе продолжи да ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Србите утре бираат помеѓу Вучиќ и Студентите. Кој ќе продолжи да ја води државата. Дали на кормилото ќе остание владејачката СНС или по 12 години ќе дојде до промена на власта. Предвремените парламентарни избори беа распишани по големите птротести кои во Србија траат две години поради уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Од ноември 2024-тата до денес низ градовите ширум државата секојдневно излегуваа демонстранти кои го изразуваа  револтот од нефункционалност насистемот, корупција и неказнивост, а завршија со датум за изборно соочување. По ова дојде и до  создавање на студентската листа на која нема ниту еден студент. Ја предводи лекарот и универзитетски професор Илија Срдановиќ. 

Во тензична атмосфера  и крајна неизвесност  граѓаните се со подлени очекувања за исходот на изборите во Србија.

АНКЕТА НА ГРАЃАНИ

Реклама

„Јас сум задоволна. Секогаш може подобро. Не гледам некоја друга партија дека дала некоја иднина. “

„Јас сум зачленета во партијата на Вучиќ, бидејќи само јас знам и сите мои сограѓани лозничани и цела Србија колку нашиот Претседатела Александар Вучиќ направил за нашата држава Р. Србија“.

„Во Ваљево се живее лошо. Неквалитетно. Сиромашно, духовно сиромашно“

„ Јас имам три деца невработени не знам што да ви кажам“.

„Јас не можам да зборувам за нешто за што немам потполно сонзание. Дека нешто се направило, се направило, а дека се работи, се работи, а со каков квалитет е тоа е дискутабилно“.  

Поделбата на мислењата се одразуваат и преку анкетите. На пример на анкетата на Испсос, Александар Вучиќ и СНС ќе освојат околу 47% од гласовите, додека пак Срдановиќ и студентите 40%, а според анкетата на „Нова српска политичка мисла“, Студентите победуваат имаат 44,5%, додека пак СНС 42,7%.

Според проекциите, само овие две големи листи сигурно го преминуваат прагот од 3% за влез во парламентот. Листите како „Европска Србија“ и „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилност“ (2,9%) балансираат на самиот раб на цензусот.

Според анализите  клучна на овие избори ќе биде излезноста. Очекувањата се дека таа ќе биде рекордна, а во бројки според проценките би надминала 61 процент. Српската дијаспора масовно се пријавува за гласање, а според извештатите од тамошните медиуми бројот на пријавени државјани од странство кои сакаат да гласаат е три пати поголем од оној за изборите во 2023 година. Гласачките места ќе с еотворат утре во 7 часот наутро, а ќе се гласа до 20 часот. Резултатите ќе покажат кому граѓаните му веруваат и во каква насока сакаат да се движи Србија.