Силни пораки за поддршка за евроинтеграцијата на Западен Балкан, но и потврда дека Македонија е целосно усогласена со европската надворешна и одбранбена политика. Премиерот Христијан Мицкоски од Црна Гора порача дека земјата ги исполнува реформските обврски и очекува напредокот соодветно да се валоризира со почеток на преговорите.
Според него, постепената интеграција е добра можност, но таа во ниеден случај не смее да биде замена за полноправно членство во Европската Унија.
„Фактот е дека имаме усогласена надворешрешна и одранбена политика, многу сме напред со исполнувањето на реформаската агенда буквално се што се бара од нас,а е поврзано по испорака да се оценува напредокот, тоа ние го правиме и очекувам сетоа ова за кое зборувам ода биде валоризирано, да се даде шанса да почнеме со почеток преговори. постепеното градуално интегрирање може да биде шанса за анс, но тоа не смее да биде замена за полноправно членство, вели Христијан Мицкоски, претседател на Влада.
Во однос на деблокирањето на европскиот пат и уставните измени, премиерот упати остри критики до претходната власт на СДСМ и ДУИ, обвинувајќи ги дека прифатиле договори со кои оставиле тежок товар за државата. Мицкоски го повтори предлогот за излез од застојот — договарање соодветен план за малцинските права директно со Бугарија, кој би бил прифатлив за сите 27 земји-членки на ЕУ, по што би следеле следните чекори во процесот.
„Уставните измени секогаш ќе не потсетуваат на капитулантската влада на сдсм и дуи, они што тоа го прифатија и понекогаш се чудам кога ќе ги слушнам од сдм ние беве влада, сега сте вие. Ни оставивме тон тежок на грби очекуваат преку ноќ да го решиме, она што со децинии било градено а тие преку ноќ го продадоа, да го вратиме во некој нормален тек опреку ноќ. Тоа така не оди треба време,. Ние се бориме, нема да остапиме од бормата за национални интереси ниту од борбата да сме дел од европското семејствот“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Влада.
Времињата што следат, според оценките на светските лидери со кои се сретна Мицкоски, ќе бидат исклучително тешки. Енергетската криза и војната во Украина го ставаат светот во атмосфера на, како што рече, тивка трета светска војна, што бара одговорно и внимателно управување со државата во следните две години.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, пак на денешниот самит порача дека реформите, политичката волја и регионалната соработка се од клучно значење за целиот Западен Балкан. Тој исто така укажа на важноста од зачувување на мирот, отфрлање на насилството и надминување на минатото, a посебен акцент стави на потребата за нормализација на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

