Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Свет ибис, був, американски ракун…нови животински видови во битолската Зоолошка Градина

Зоолошката Градина во Битола од денеска е збогатена со пет нови животни,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зоолошката Градина во Битола од денеска е збогатена со пет нови животни, донација од Зоолошката Градина во Белград, установа со која соработуваат повеќе децении.

Од битолската Зоолошка Градина информираа дека тамошното зоо-семејство е збогатено со егзотичната птица со богата историја Свет ибис, потоа со африканска мачка Сервал, а за јавноста достапни се був, берберска овца од карпестите предели и американски ракун.

-Сите нови жители успешно го поминаа патот, сместени се во нивните нови живеалишта и се под будното око на нашиот ветеринарен тим. Меѓуинституционалната соработка и размена се клучни за унапредување на условите, збогатување на нашиот фонд и едукација на посетителите, информираа од битолската ЗОО Градина и јавно се заблагодарија на тимот на ЗОО Белград.

Реклама

Зоолошката Градина на Тумбе Кафе во Битола има матично стадо составено од повеќе од 30 различни видови животни, со повеќе од 400 нивни претставници.