Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изминатите денови престојуваше во работна посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изминатите денови престојуваше во работна посета на Флорида, Соединетите Американски Држави, каде што учествуваше на годишната конференција на Меѓународната асоцијација на полициски шефови (IACP) во Орландо, еден од најголемите светски собири на полициски професионалци, посветен на иднината на полициското работење и справувањето со современите безбедносни предизвици.

-Во рамки на конференцијата, министерот Тошковски оствари повеќе значајни средби, меѓу кои и со Николас Колура, директор на Дипломатската служба за безбедност при Стејт департментот на САД, како и со Рик Смит, основач и главен извршен директор на компанијата Axon, која развива современи технолошки решенија во областа на јавната безбедност. На средбата со Смит беа разгледани можностите Македонија да стане регионален демонстрациски центар за технологиите на Axon, каде што преку практична примена на современи решенија, вклучително и вештачката интелигенција, би се презентирале нови модели на полициско работење пред институциите од регионот. Ваквата иницијатива би придонела за зајакнување на регионалната соработка и размената на знаења, искуства и технолошки иновации, информира Министерството за внатрешни работи. 

На покана на шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо, соопшти МВР, министерот Тошковски учествуваше и на Global Innovation Summit, каде што акцентот беше ставен на практичната примена на вештачката интелигенција, беспилотните летала и антидронските системи во заштитата на јавните простори, критичната инфраструктура и безбедноста на населението.

Реклама

Во рамки на работната посета, министерот го посети и Полицискиот оддел во Мајами, каде што непосредно се запозна со современите оперативни модели на американската полиција, вклучително и користењето системи за видеонадзор, напредна аналитика и обработка на информации во реално време. Овие решенија овозможуваат навремено препознавање на безбедносните закани, подобра координација на полициските единици и побрза реакција при инциденти.

Министерот Тошковски истакна дека размената на искуства со развиените полициски системи е значајна за понатамошната модернизација на македонската полиција и воведувањето конкретни технолошки решенија во секојдневното работење.

-Нашата цел е искуствата и современите технологии да ги преточиме во практични решенија што ќе овозможат побрза помош за граѓаните во критични ситуации, поефикасно спречување на криминалот и поголема заштита на животот и имотот, нагласи Тошковски.

МВР наведува дека работната посета на САД претставува можност за продлабочување на меѓународната полициска соработка, размена на добри практики и разгледување нови пристапи за технолошко унапредување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.

-Целта е јасна – македонската полиција да биде чекор пред криминалот, побрза во реакцијата, поефикасна во заштитата и поблиску до граѓаните. Модернизацијата не е само вложување во нова опрема и технологии, туку во систем што навремено ги препознава заканите, спречува кривични дела и спасува човечки животи. Токму во таа насока Министерството за внатрешни работи ќе продолжи да ги развива своите капацитети, со крајна цел – посилна полиција, поголема безбедност и држава во која секој граѓанин ќе се чувствува сигурно, соопшти Министерството за внатрешни работи.