Македонија е отворена за германски инвестиции и учество на германски компании во инфраструктурните проекти, порача Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој апелираше активно учество на веќе објавените повици и распишаните тендери. Се чекаат понуди за изградба на железничкото поврзување со Бугарија. Но, покрај овој инфраструктурен проект, Николоски ги информираше германските бизнисмени дека се работи и на развојот на централниот дел од Коридорот 8. Планирана е реконструкција и модернизација на пругата од Скопје преку Јегуновце, Тетово и Гостивар, потоа делницата од Гостивар до Кичево, како и изградба на нова пруга од Кичево преку Охрид и Струга до границата со Албанија. Николоски најави и два големи експресни патишта во источниот дел на државата, чија изградба се очекува следната година, доколку се обезбедат потребните средства. Едниот би ги поврзал Кочани, Виница и Делчево со границата со Бугарија, а другиот Радовиш, Струмица и Ново Село со бугарската граница. Бидејќи Германија е најголем трговски партнер на Македонија, Владата очекува и поголема активност од нивна страна за директно учество во изградба на инфрастуктурата.
„Во моментов имаме еден голем повик, тоа е за железничкото поврзување со Бугарија, коридорот 8, третата секција. Тендерот е објавен од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, значи имаме еден најуспешен управен што може начин. Трае 4 месеци, таму оставивме подолг рок затоа што немаме достап до тоа оправдување дека за месец или за два не би можело да се подготви тендерска понуда и тендерска документација, така што рокот за поднесување на понуди е до 15 јануари и очекуваме германски компании да учествуваат во истиот, но исто така и преку која што ги интегрираме, при што морам да кажам дека пред неколку дена имавме onsite визит и за жал не видовме ни една германска компанија која што дојде на onsite визит, така што ако сакаме да имаме соработка, таа мора да е двострана“, изјави Николоски.
Германскиот бизнис и во време на криза не замина од Македонија, потенцираше Антје Ванделт, директорката на АХК за Македонија. Иако Европа се соочува со најголемата економско-енергетска криза, германските компании и понатаму покажуваат отворен интерес за инвестиции во Македонија, потенцираше Ванделт. Но не само во инфратруктурата, Германците сакаат да инвестираат и во поддршка на администрацијата за намалување на административните бариери и олеснување на бизнис можностит.
„Нашите компании членки често ни раскажуваат за проблемите со кои се соочуваат, на пример при аплицирање за дозволи и други процедури. Веруваме дека дигиталните решенија можат да направат вистинска разлика овде. Тие можат да помогнат во поедноставување на процедурите, намалување на времето на чекање и да им дадат на инвеститорите поголема сигурност кога ги планираат своите проекти“, рече Антје Ванделт, директокра на АХК Македонија
За продолжување на силната трговска размена со Германија потребен е и непречен проток на стоки. За таа цел, Германците прашаа што тие да направат? Николоски побара само повеќе лобирање од бизнисот за надминување на проблемот со македонските транспортери.
Ако склучиме повеќе билатерални договори, тогаш ќе имаме помалку проблеми. Точно е дека и за Швајцарија и за Хрватска визите важат на нивна територија, ама ако имаме и најчесто тоа е рутата која што се користи догороворот со Хрватска, па имаме договор со Словенија, па имаме договор со Германија, на враќање можеби Австрија, и Унгарија и тогаш сме го решиле проблемот. Така што овие се државите кои што ни требаат со кои што би требало да да потпишеме договори покрај хрватска и и швајцарски кои што ги имаме како држави, каде што најмногу се извезува Македонски роба или од каде што најмногу се увезува роба, дополни Николоски.
Транспортерите, покрај проблемот со транспорт во ЕУ бараат и решение и поддршка од Владата за поддршка за набавка на електрични транспортни средства и поставување на мрежа за полнење на истите. Македонија веќе има готова физибилити студија и истата ќе се имплементира на автопатот од Скопје до Блаце, кој ќе треба да стане првиот зелен коридор во Македонија, одговри Николоски.

