Реклама

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Прилози

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Фатени четворицата осомничени убијци кои на ѕверски начин со мачење убија 62…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фатени четворицата осомничени убијци кои на ѕверски начин со мачење убија 62 годишен маж и 76 годишна жена во Ѓорче Петров. Тие се веќе во полициска станица, а обвинителството побара кус притвор за да ги докомплетира доказите. Мотивот најверојтно бил кражба на пари и злато.

„СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (27.10.2026) лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026“, соопшти МВР

Надлежните најавуваат дека откако ќе бидат целосно комплетирани доказите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Реклама

Неофицијално  и двете убиства биле извршени на речиси идентичен начин  при кражба во домовите на жрвите. Убиените се пронајдени со врзана уста и со слични траги на насилство по целото тело. Осомничените убијци веројатно биле добро информирани дека жртвите  поседувале одредена сума на пари и злато. Неофицијално осомничените по убиствата  биле лоцирани и како се движат околу казина во Скопје –  информација за која потврда треба да даде истрагата.   

Обдукцијата пак ќе покаже дали повредите се резултат на крвничко тепање или удари со некаков предмет, и дали поради тоа настапила смртта или можеби станува збор за задушување.