Бумот во авиосообрајќајот во Македонија продолжува и со почетокот на зимскиот распоред на летање. За неполни десет месеци годинава низ двата аеродрома во Охрид и Скопје се регистрирани 3,6 милиони патници што преставува зголемување од 28 % во споредба со истиот период минатата година. Од ТАВ Македонија соопштија дека во истиот период биле реализирани 24.232 летоив, што е пораст од 10 % во споредба со истиот период во 2025 година. Позтивниот тренд продолжува и во октомври. Во периодот од 1 до 25 октомври 2026 година двата еродроми опслужиле 321.953 патници, односно 24 % повеќе во споредба со истиот период лани, а биле реализирани 2.085 летови, односно 9 % повеќе во споредба со периодот од 1 до 25 октомври 2025 година. Во текот на зимската сезона, патниците ќе имаат на располагање вкупно 56 дестинации од двата македоснки аеродроми, со кои ќе сообрајќаат 17 авиокомпании. Според генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт, континуираниот пораст на патничкиот сообрајќај и развојот на воздушната поврзаност се важни показатели за потенцијалот на македонскиот пазар, додека компанијата продолжува да работи на проширување на мрежата на дестинации и привлекување нови авиопревозници. Бумот во авиосообрајќајот е резултат на владината стратегија за поддршка на авиосообрајќајот а последните бројки ги прават реални очекувањата дека веќе годинава може да заврши со рекордни 4 милиони патници . Само во последниве години воведени се 28 нови авиолинии а најавени се и директни летови до Подгорица и Дубаи. Граѓаните добиваат повеќе можности за директно патување, а земјата станува подостапна и за странските посетители. Од Скопје има директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро и Палермо , а од охридскиот аеродром, пак, патниците добиваат директна воздушна врска со Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена Новите дестинации овозможуваат полесно патување до повеќе европски градови без потреба од преседнување.