Реклама

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Прилози

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Хонорарците можат да здивнат. По една деценија работење во државните институции без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хонорарците можат да здивнат. По една деценија работење во државните институции без да им тече здравствено и пензиско осигурување, Владата конечно почна да им го решава статусот. Со новиот предлог закон се предвидува нивните хонорари во рок од 90 дена да им бидат преточени во редовен работен однос на неопределено време. Трансформацијата ќе се реализира во две фази, најдоцна до крајот на 2027 година. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека со овој предлог закон ќе се реши децениска неправда која претходните влади на СДСМ и ДУИ ја премолчувале.

„Денеска исправаме една децениска неправда. Решаваме проблем кој со години беше премолчуван, одложуван и префрлан од една институција на друга. Проблем зад кој не стојат само договори, документи и административни процедури, туку човечки судбини, семејства и луѓе кои со години живеат во неизвесност за својата иднина“, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Право на вработување на неопределено време ќе имаат хонорарците кои ќе имаат важечки договор кога законот ќе стапи во сила, а договорот ќе им биде активен и во моментот кога ќе се регулира нивниот статус. Половина од нив ќе добијат редовно вработување веднаш по потпишувањето на договорот или донесувањето на решението, додека останатите најдоцна до 31 декември 2027 година. Дотогаш, институциите нема да смеат да им ги прекинуваат договорите, освен во случаи предвидени со закон. Од 2028 година, пак, бројот на лица ангажирани со вакви договори ќе биде ограничен на најмногу 10 проценти од вкупниот број вработени во институцијата, со одредени исклучоци.

Реклама

„За некого ова е само уште еден закон. За илјадници наши сограѓани ова е надеж дека конечно ќе можат посигурно да ја планираат својата иднина. Дека нивниот труд ќе биде признаен. Дека нивната работа ќе добие соодветна правна сигурност. Дека по години неизвесност ќе можат да здивнат“, порача Стојаноски.

Предлог законот предвидува и финансиска контрола на процесот од Министерството за финансии, како и прекршочни санкции за раководните лица што нема да ги почитуваат ограничувањата. Од опфатот се изземени повеќе институции, како што се училиштата, високообразовните установи, МВР и безбедносните служби.