Реклама

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Македонија

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгогодишна запоставеност…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгогодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција – соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

-Плоштадот „Македонија“ и Камениот мост се нашиот белег. Лицето со кое Скопје го пречекува светот и срцето во кое секој скопјанец чува дел од својот живот. Нивниот сјај е наша гордост. Нивното зачувување е наша одговорност. Затоа, темелно и редовно го чистиме плоштадот „Македонија“, а по години запоставеност, повторно ја оживуваме подната фонтана. Го враќаме местото на детската радост, на средбите и на убавите спомени. Го враќаме сјајот што му прилега на центарот на нашето Скопје – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук објавата.

Градоначалникот Ѓорѓиевски посочува дека фонтаната во моментов е пуштена во пробна работа и се вршат проверки, калибрирање и прецизно нагодување, за да работи правилно и повторно да биде еден од препознатливите симболи на градот.

Реклама

-И тука ќе бидам јасен: просторот на подната фонтана никогаш повеќе нема да биде премин за автомобили и тешки товарни возила. Плоштадот им припаѓа на граѓаните и така ќе остане. Чистењето не е еднократна акција, туку секојдневна работа. Обновата нè обврзува на трајно одржување, а секое вложување на одговорност да го зачуваме. Јас останувам посветен на дадениот збор. Заедно да го чуваме она што ни припаѓа на сите. Скопје го правиме заедно – рече Ѓорѓиевски.