Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Во Штип одбележана Недела на италијанскиот јазик

Со доделување орден и две предавања за мода и кулинарство, денеска на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со доделување орден и две предавања за мода и кулинарство, денеска на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип се одбележа Недела на италијанскиот јазик. Амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери присуствуваше на предавањето и истакна дека учесниците ќе  зборуваат за италијанската храна и мода, но и за тоа колку неговата земја придонесува во иновациите и модерната технологија. 

-Овој ден ќе биде посебен, затоа што на професорката Караникиќ-Јосимовска ќе и биде доделен орден за заслуги за нејзниот придонес во односот на културата помеѓу двете земји. Јас сум особено задоволен од распросратентоста на италијанскиот јазик во оваа земја. Постојат повеќе од 40 училишта-средни, во кои може да се изчува италјанскито јазик. Покрај тоа тука се и катедрите во Штип и Скопје, каде што може да се продолжи изчувањето на академско ниво. Исто така задоволен сум и од културните активности што ги организира амбасадата, кои што се прилично посетени, а покрај тоа заслуга има и македонската заедница во Италија, која што допринесува за уште поголемо ширење на италијанскиот јазик и култура – рече Палминтери.

Професорката Ева Ѓорѓиевска објасни дека престижната награда „Флајано“ се доделува во Италија повеќе од половина век, но годинава за првпат ја освојуваат македонски авторки, меѓу кои е и самата таа.

Реклама

 -Наградата „Флајано“ се доделува на меѓународна манифестација во Пескара, почнувајки од пред 53 години, во категории: кино, журнализам, литература и останати уметнички експресии. Во поткатегорија Лука Атанасијо италијанистика, започнува да се доделува од пред 25 години и станува збор за награда која за првпат е доделена на македонски авторки, во меѓународна конкуренција на светско ниво. Останатите добитници се од Канада и Египет. За нас тоа претставува едно признание за нашата работа и поттик за вложување во литературата и културата-изјави Ѓорѓиевска.