Зад затворени врати, 160 обвинители од цела Македонија утре треба да решат кој ќе седне во жешкото обвинтелстко столче и да го замени контроверзниот шеф на организиран криминал Ислам Абази. Треба да се решат за еден од петте номинирани колеги, кои се пријавија на огласот за избор на прв човек на Обвинителството за гонење на организиран криинал.
Во трката за оваа престижна, ни експонирана позиција се Искра Хаџивасилевска, Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ или Јован Цветановски. Сите обвинителски имиња и се добро познати на јавноста. Досега сите се произнесоа дека доколку седнат во столчето на Абази ќе работат чесно и професионално и ќе придонесат во борбата против корупцијата.
Трајче Пеливанов јавноста најмногу го помни како еден од клучните обвинители од составот на поранешното СЈО. По неславното распаѓање на ова обвинителство, тој се врати во редовното.
Обвинителката Хаџи Вaсилевска која периодов е актуелна поради тоа што на судијата Ѓоко Ристов му ги откри засиданите 350 илјади евра во семејната куќа во Неготиво, долги години е дел од обвинителство во кое сака да шефува.
Фатон Азизи во јавноста важи за кадар кој е тивок и задкулисен обвинител со кариера изградена прво во скопското, па потоа во обвинителството за организиран криминал. Има работено на истрагите за Адитив и Ботокс како и во предметот поврзан со случувања во ФФМ.
Скопската обвинителка Лидија Раичевиќ важи за една од најекспонираните и најпрепознатливите обвинителки во јавноста затоа што го водеше предметот Ровер во кој го гонеше Љубе Бошковски.
И вишиот јавен обвинител Јован Цветановски влегува е во трката за избор на прв обвинител. Неговото име во јавноста стана препознатливо по институционалните превирања и дисциплинските постапки и суспензии коишто подоцна беа поништени Тој јавно тврдеше дека бил суспендиран поради тоа што не се согласи да не се истражуваат милионските бонуси на СЈО.
По затворањето на гласачките кутии и пребројувањето на гласовите Советот на јавни обвинители на итна седница ќе го именува победникот со најмногу освоени гласови.

