16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар која била лекувана на Клиниката за неврологија пред еден и пол месец. На клиниката во моментов се опоравува пациент кој има само 39 години. Ова се два примера од вкупно 5000 мозочни удари што се случуваат во Македонија на годишно ниво. Директорот на Клиниката за неврологија вели дека е исполнет целиот болнички капацитет. За бројките вели дека се поразителни.
-За жал статистиките се поразителни кај нас и во светот. Бројот Бројот на мозочни удари некаде кај нас се движи од 200 до 300 на сто илјади жители што не води до врвотна статистиката на пациенти кои што ја имаат оваа болест. Болеста е милтифакторијелна –вели директорот на Клиниката за неврологија Јован Божиновски.
На првиот ден од одбележувањето на Светскиот ден на мозочни удари се вршеа бесплатни превентивни прегледи на граѓани. Се мереше крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта. Превентивните прегледи имаат за цел да се спречи мозочен удар.
-Целта на овој настан е да ја превенираме болеста и да укажеме, односно да го свртиме вниманието на ризик факторите бидејќи кај најголем дел од пациентите оваа болест може успешно да се превенира–вели директорот на Клиниката за неврологија Јован Божиновски–вели директорот на Клиниката за неврологија Јован Божиновски.
Интересот од страна на граѓаните беше голем. Го поздравуваат настанот и велат дошле да проверат во каква состојба е нивното здравје и дали имаат ризик од мозочен удар.
-Имам малку висок притисок, сабајле го мерев 150 со 90 и затоа се решив да дојдам. А идам на контрола редовно, Сега мислам нагла промена на времето се осеќа повеќе.
-Притисокот е најбитен, редовно и дома имам и сендо не памтам у живот под 150 да ми бил ама сега ми викаат 200 тоа е многу а шеќерот ми е нормален 5.7.
-Крвен притисок, шеќер,што уште друго не сум сигурен јас. Неактивност недвижење, холестерол тоа е тоа. Ова онака вонредно не е проблем кај интернист се-велат граѓаните кои ги анкетиравме
Невролозите велат многу е важно навреме да се препознаат симптомите и веднаш да се побара лекарска помош бидејќи времето е клучно за да не дојде до компликации но и да се спаси живот. Тромболитичната терапија се дава во првите три до четири часа и таа може да спречи потешки последици. Апелираат доколку почувствуваат искривеност на едната страна на лицето, слабост на дланките, проблем со говорот веднаш да побараат медицинска помош. Со денешниот настан започнува тридневното одбележување на Светскиот ден на мозочни удари а оваа година вакви настани како денешниот ќе има и во Тетово, Кавадраци и Охрид.

