Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Македонија

Штипската Клиничка болница со превентивна акција го одбележа Денот на мозочниот удар, нивниот најмлад пациент има 26 години

Најмладиот пациент со мозочен удар оваа година кој е примен на Одделението…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмладиот пациент со мозочен удар оваа година кој е примен на Одделението за неврологија во Клиничка болница-Штип има 26 години, посочи денеска неврологот Елена Личкова. Клиничка болница-Штип по повод одбележувањето на Денот на мозочниот удар организираше бесплатно мрење на крвниот притисок, шеќер во крвта. Целта е превенција и запознавање на населението со ризиците од мозочниот удар.

-​Најподложни пациенти за мозочен удар се пациентите коишто имаат повеќе ризик-фактори, како нерегулирана хипертензија, односно покачен крвен притисок, дијабетес или лошо регулиран шеќер во крвта, пациенти коишто имаат хиперлипидемија, односно покачени масти во крвта, пациенти коишто злоупотребуваат дроги, алкохол и пациенти кои се пушачи. Тие спаѓаат во ризичните групи за добивање мозочен удар, и секако пациентите коишто имаат срцеви аритмии-рече Личкова.

Таа додаде дека мозочниот удар е болест која најчесто ја зафаќа повозрасната популација. 

Реклама

-​Мозочниот удар е болест која секако ги зафаќа повозрасните категории на луѓе, меѓутоа сè почесто во нашата пракса среќаваме и луѓе кои што на помлада возраст добиваат мозочен удар. Најмладиот пациент годинава што сме го имале со мозочен удар е на 26-годишна возраст. Најстарите пациенти се веќе по 80 години.​ Мозочен удар може да се добие во секој временски период од годината-изјави Личкова.

Превентивната акција на Клиничка болница-Штип денеска предизвика голем интерес кај граѓаните на Штип, кои го посетија пунктот на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.