Реклама

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Македонија

Гоцевски: „ГоСакамДелчево“ продолжува со фокус на граѓанските иницијативи и Буџетот за 2027 година

– Кампањата „ГоСакамДелчево“, започната во мај 2024 година од селото Разловци, продолжува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Кампањата „ГоСакамДелчево“, започната во мај 2024 година од селото Разловци, продолжува со нова фаза во која фокусот е ставен на поголемо вклучување на граѓаните во утврдувањето на локалните приоритети и креирањето решенија за подобрување на квалитетот на животот во Општина Делчево, најави денеска градоначалникот Иван Гоцевски.

На прес-конференција, Гоцевски информираше дека кампањата треба да прерасне во отворена платформа за соработка меѓу Општината, граѓаните, граѓанските организации, бизнис-заедницата, младите и сите заинтересирани да придонесат кон развојот на Делчево.

Во новата фаза се предвидени активности во пет области – заштита на животната средина и уредување на јавните простори, поголема хуманост и солидарност, унапредување на комуналната инфраструктура, локален економски развој, како и создавање поголеми можности за младите, културата и спортот.

Реклама

Во делот на животната средина, Општината најавува продолжување на активностите за чистење на јавните површини, уредување на зелените простори и засадување садници, како и поголема вклученост на граѓаните во пријавувањето на загадувачи, диви депонии и други проблеми.

Посебен акцент ќе биде ставен и на донаторските и хуманитарните активности за поддршка на граѓаните и семејствата на кои им е потребна помош. Гоцевски најави дека значителен дел од Буџетот на Општина Делчево за 2027 година ќе биде насочен кон поддршка на најранливите категории граѓани.

Како еден од приоритетите во подготовката на Буџетот за 2027 година се издвојува и комуналната инфраструктура. Граѓаните ќе имаат можност да ги посочат проблемите и потребите во своите населби, улици и населени места, при што во фокусот ќе бидат уличната инфраструктура, водоснабдувањето, јавното осветлување, одржувањето на јавните површини, зеленилото и други комунални прашања.

Според Гоцевски, Општината веќе работи на подготовка на техничка документација за повеќе проекти кои треба да бидат планирани во Буџетот за 2027 година. Целта, како што посочи, е потребите на граѓаните навреме да бидат идентификувани и систематски да се вклучат во годишните програми за работа.

Во делот на локалниот економски развој, акцент ќе биде ставен на поддршката на претприемништвото, туризмот и руралните потенцијали, афирмацијата на локалните производители и создавањето нови можности за младите.

За подобрување на работата на општинската администрација, Гоцевски најави и функционална анализа на Општина Делчево, со која, како што рече, треба да се оптимизираат јавните услуги, да се подобрат административните процеси и да се обезбеди поефикасна поддршка за граѓаните и стопанството.

-Нема веќе погрешен шалтер, нема веќе заборавени предмети, нема празни бироа и затворени врати на општинските служби, порача Гоцевски, нагласувајќи ја определбата за поефикасна и подостапна општинска администрација.

Младите, културата и спортот, како што беше посочено, остануваат дел од приоритетите на локалната самоуправа, со поддршка на граѓански иницијативи кои придонесуваат за поголема општествена вклученост и збогатување на културниот и спортскиот живот во општината.

Градоначалникот упати повик до граѓаните, компаниите, занаетчиите, земјоделците, младинските организации, здруженијата, културните и спортските работници, иселениците и пријателите на Делчево да се вклучат со идеи, знаење, време и конкретни иницијативи.

Во тек е воспоставување поорганизиран начин за прибирање и разгледување на граѓанските предлози, утврдување приоритети и поврзување на поединци и организации кои сакаат да помогнат во нивната реализација.

Гоцевски нагласи дека кампањата не ги заменува законските обврски на локалната самоуправа, туку треба да претставува дополнителен механизам за граѓанско учество, партнерство и заедничко дејствување.

-Општина Делчево е сервис на сите граѓани, а јас како градоначалник силно работам тој атрибут да го оправдам, истакна Гоцевски.

Кампањата „ГоСакамДелчево“ продолжува со порака дека развојот на локалната заедница е заедничка одговорност и дека граѓанските идеи и иницијативи треба да имаат свое место во планирањето на идниот развој на општината.