Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Савески: Сите кандидати се докажани професионалци, во тек изборите за нов шеф на ОЈО ГОКК

Во тек е изборот на нов раководител на Основното јавно обвинителство за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е изборот на нов раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), на кој 187 јавни обвинители со право на глас избираат меѓу пет кандидати – Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето почна во 8 часот и ќе трае до 16 часот, по што резултатите ќе бидат сумирани на јавна седницa,.

Изборниот процес го спроведува комисијата формирана од Советот на јавните обвинители, во состав Ермон Незири, Светлана Стојковиќ и Кети Петкова.

Реклама

Републичкиот обвинител, Ненад Савески, по гласањето, оцени дека станува збор за значаен демократски процес, во кој обвинителската фела непосредно одлучува кој ќе раководи со Oбвинителството надлежно за гонење организиран криминал и корупција.

– Ова е значаен процес бидејќи обвинителската фела одлучува кој ќе раководи со ова Oбвинителство. Се надевам дека избраниот јавен обвинител доследно ќе одговори на задачите што стојат пред него и дека заеднички ќе придонесеме за зајакнување на довербата во институцијата и за јасно покажување ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата – изјави Савески.

Тој нагласи дека значењето на ОЈО ГОКК ги надминува рамките на обвинителскиот систем.

– Сите сме свесни колку е значајно ова Oбвинителство не само за јавнообвинителскиот систем, туку и за имиџот на нашата земја – рече Савески.

Во однос на кандидатите, тој посочи дека сите се докажани професионалци.

– Кој и да биде избран, нема да биде погрешен избор. Напротив, сите имаат професионални капацитети и верувам дека секој од нив еднакво ќе може да одговори на задачите што претстојат – изјави Савески.


Членот на изборната комисија во Јавното обвинителство, Елвин Вели, информира дека гласањето се одвива непречено.

– Изборниот процес почна во 8 часот и непречено се одвива. До моментот на давањето на изјавата гласаа 10 од вкупно 11 обвинители запишани на избирачкото место во Јавното обвинителство на Македонија – рече Вели.

Петтемина кандидати ги претставија своите програми пред Советот на јавните обвинители на 13 октомври. Во фокусот на нивните програми беа јакнењето на истражните капацитети, борбата против корупцијата и перењето пари, финансиските истраги, ефикасноста во постапувањето и поголемата независност на обвинителството.

Изборот се спроведува поради истекување на мандатот на актуелниот раководител на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година. Огласот за избор беше објавен во „Службен весник“ на 21 август годинава.