Реклама

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Прилози

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Домашните компании добија 230 милиони евра од Унгарскиот кредит од 250 милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Домашните компании добија 230 милиони евра од Унгарскиот кредит од 250 милиони евра и придонесоа за раст и развој на македонската економија. Државната ревизија во најновиот извештај излезе со позитивна оценка за трошењето на парите во периодот од јануари 2025 до февруари 2026-та. Ревизорите провериле 123 проекти во вкупна вредност од 120 милиони евра, кои опфаќаат 52% од вкупно повлечените средства. Дополнителни 15 проекти од 2,7 милиони евра биле одобрени во март и април. Од вкупно 767 проекти, најмногу или 59% биле наменети за малите фирми. Од друга страна, најголема сума добиле големите компании кои за 94 проекти примиле 77 милиони евра.

„Секторот трговија апсорбирал 56,8 милиони евра преку 194 проекти односно (25%) од средствата, транспортот учествува со 129 проекти во вредност од 23,6 милиони евра односно (10%) од средствата, градежништвото со 63 проекти во вредност од 16 милиони евра, односно (7%) од средствата, угостителството и хотелиерството со 37 проекти во износ од 13,8 милиони евра односно (6%) од средствата“ – ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА.

Унгарскиот заем често е критикуван од страна на опозицијата, не само поради големината, туку и поради висината на каматата и намената на парите. Премиерот Мицкоски од собраниска говорница му посочи на лидерот на СДСМ, Филипче дека токму оваа ревизија го демантира сите негови тврдења за нерегуларности. Вели ревизорите утврдиле дека парите биле наменети за развој на македонската економија, за враќање еврообврзница издадена од претходната влада и за поддршка на домашното стопанство.

Реклама

„Значи, во овие шест месеци нема ни „К“ од криминал, туку потврда дека оваа Влада за оваа држава направила добро дело. Споредете ги и во овие шест месеци, и тогаш велевте дека ќе се откриеле криминалите на Мицко со Орбан, не знам што сè се случуваше и така натаму. Но, еве, поминаа шест месеци, се откри една работа, дека сме земале добар финансиски кредит од страна на Унгарија. Кредит што го употребивме соодветно, а доказ за тоа дали сме го употребиле соодветно е денешниот извештај од Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија вели дека средствата од унгарскиот кредит се наменети за раст на македонската економија, дел дека се наменети за враќање на еврообврзница што вашата влада ја има подигнато, тоа е половина милијарда, и дел дека се за поддршка на македонското стопанство“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Ревизорите утврдиле дека Развојната банка постапувала во согласност со законските прописи, но за извештајот се потенцира дека не ги оценува економските ефекти од инвестициите.

Парите се дел од заемот што Владата го договори со Унгарија во 2024 година, со камата од 3,25%, додека компаниите ги добиваат кредитите со повластена камата од 1,95 проценти. Кредитната линија се спроведува преку 12 комерцијални банки, а компаниите можат да аплицираат за кредити до 10 милиони евра со рок на отплата до 15 години и грејс-период до три години. Компаниите учествуваат со најмалку 20 проценти од вредноста на инвестицијата.