Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Андоновски: Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

Најмалку од шест месеци до една година ќе бидат потребни за спроведување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку од шест месеци до една година ќе бидат потребни за спроведување на законските измени, кои ќе им овозможат на полициските службеници при легитимирањето на граѓаните да ги прифатат дигиталните документи – лична карта и возачка дозвола.

Како што изјави денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, моментно се работи на мапирање на членовите и на конкретните закони што треба да се сменат, а МВР работи на обезбедување технолошки можности во новите автомобили што ги набавува за да може полицајците да си ја вршат потоа својата работа.

– Ова е процес што мора да почне, а почнува од Министерството за дигитална трансформација со формирањето на дигиталниот паричник, кој е уреден во Законот за електронските документи, член 20 г, кој утврдува кој е начинот на верификација. Од ова, како и со целиот процес на дигитализација, почнуваат промени во сите други институции. Ние веќе променивме 140 закони, кои што се однесуваат на прифаќањето електронски документи, кои бараат фотокопипи од податоци. На истиот начин ќе пристапиме и кон ова – рече Андоновски одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на саемот „Енерготехнома 2026“.

Реклама

Според него, МВР е партнер во целиот процес од првиот ден.

– Министерството учествува зашто од него ги влечеме податоците за личната карта и возачката дозвола. Потребни се одредени измени во подзаконските акти во МВР, кои се однесуваат на изгледот и формата на личната карта и возачката дозвола и очекувам дека на таков начин, со промени и со технолошко зголемување на техничките можности, една по една институција ќе почнат да ги прифаќаат. Ова е пракса од цела Европа, на овој начин се развиваат дигиталните паричници. Така ќе биде и кај нас. Веќе разговараме со претставници од банкарскиот сектор, кои велат дека и во нивната регулатива имаат забелешки, што им бараат да чуваат фотокопија од личната карта при секое ажурирање на податоците. Таквите процеси во секој поединечен закон ќе треба да ги менуваме, но ова е постапка што ја почнавме и ќе одиме само напред – дециден е министерот.

Како што додаде, Полска ја воведе оваа алатка во 2019 година, но во 2021 полицијата почна да прифаќа електронски документи издадени од Министерството за внатрешни работи.

– Оттука, очекувам дека намќе ни бидат потребни најмалку од шест месеци до една година да ги завршиме неопходните измени зашто во моментот работиме на мапирање – кои се тие членови и од кои конкретни закони што бараат промени. МВР, пак, работи на обезбедување технолошки можности во новите автомобили што ги набавува, уреди за да може и припадниците на МВР да си ја завршат својата работа. Ќе почнеме и од приватниот сектор, од супермаркети, локали, барови, банки, осигурителни компании…, ова е процес што ќе треба полека да влегува во секоја институција, не е само Министерството за внатрешни работи – објасни министерот Андоновски.