Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Прилози

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Повисок сима за студентскиот оброк и ваучери наменети исклучиво за храна. Надлежните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повисок сима за студентскиот оброк и ваучери наменети исклучиво за храна. Надлежните ги слушаат барањата на студентите и инвестираат во подобар образовен стандард. Новиот предлог предвидува вклучување на оператори каде студентите ќе можат да купат само храна, со цел субвенцијата да се користи токму за она што е наменета. Надлежните веруваат дека преку дијалог со студентите ќе се најде заедничко решение со кое ќе бидат задоволни двете страни.

„Зголемување секако ќе има, која сума ќе се договориме дополнително, целта е да го користат за здрава храна и да ја корситат за вистинска намена односно да не е за алкохол, цигари што вообичаено го прават според нивните кажувања. Ќе може да го користат секаде каде што ќе се одредат оператори што ќе им продаваат само храна. Ќе најдеме решение, очекуваме разговори и секако верувам дека ќе биде добар исходот.“ – вели министерката Јаневска.

Студентите сметаат дека новиот принцип е за поздравување, но без разлика дали ќе биде прифатен, остануваат на својот став. Тие бараат покачување на студентскиот оброк на 200 денари.

Реклама

„Ни беше предложен нов систем со бонови, но за покачувањето никаков одговор не добивме. Поздравуваме за обидите за да следиме европски стандарди и подржуваме, поздравуваме и дека ќе бидат вклучени маркетите но покачувањето и колку ќе изнесува немаме одговор.“ – вели Ангела Василевска, претседател на студентското собрание при УКИМ.

Студентските претставници очекуваат да го слушнат гласот на секој студент пред да ја донесат конечната одлука. Дали ќе биде прифатен новиот модел на субвенции за топол оброк ќе се одлучи откако ќе се изјаснат студентите на онлајн платформа идната недела. Со постојното решение секој студент на картичка добива финансиска помош во износ од 140 денари на ден, односно вкупно 840 денари за целата недела. Субвенциите за студентски оброк се само дел од владината стратегија за поддршка на студентите. Во изминатиов период се реализираат повеќе инвестиции за модернизација на студентските домови, се реновираат факултети и училишта, се инвестира во науката, а надлежните и доделуваат стипендии за секој студент кој ќе ги одбере дефицитарните струки.