Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Прилози

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

И Светската Банка потврди. Македонија со најсилен раст во регионот, но и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И Светската Банка потврди. Македонија со најсилен раст во регионот, но и со добра основа за уште позасилен економски развој. Во најновиот извештај,  реномираната финансиска институција ја рангира Македонија на првото место во регионот и предвидува раст од 3,2% до крајот на годинава. Од Светска банка нотираат дека во време на глобална економска и енергетска криза, Македонија се справува солидно со предизвиците. За Владата ова е уште едно признание за успешноста на политиките. Премиерот Мицкоски е задоволен што од наследен длабок минус, економијата забрзано расте. Нагласува дека реформите ќе продолжат: 

„Имаме пробизнис и проекономска политика која што ја водиме како Влада и во таа насока ќе продолжиме. Кога имате стапка на инфлација помеѓу и 2,5 проценти или помеѓу 2,5 и 3 проценти, и да генерарите раст од 4,3 проценти во вториот квартал од оваа година, навистина претставува проактивна политика и политика која што носи резултати. Состојбата во државата пред 28 месеци беше катастрофална, ние не бевме на нула, ние бевме длабоко во минус. Таква е стиуацијата ќе се бориме, ракавите се засукани, ќе работиме на реформите и ќе го испорачуваме тоа кое што го наследивме како проблем создаван со децении наназад., изјави Мицкоски.

За Владата сами по себе позитивните економски показатели не значат дека се надминати и сите економски предизвици. Велат дека граѓаните не можат да го мерат животниот стандард само според статистичките податоци. Тие го оценуваат напредокот преку сопствените приходи, можностите за работа, цените на производите и услугите. Затоа извештаите се добра основа како понатаму во реформите:

Реклама

Затоа овие резултати ги претставуваме како важна основа за понатамошен економски развој. Тие покажуваат дека македонската економија бележи раст, дека постои економска активност и дека, и покрај сложените надворешни услови, се создава основа за понатамошно подобрување на животниот стандард. Во таа насока, Владата останува посветена на политики кои ќе обезбедат долгорочна економска стабилност, конкурентно стопанство и подобри услови за живот, Марија Митева, портпарол на Владата.

Растот на македонската економија е резултат на реформите но и на засилените инвестиции во крупните инфраструктурни проекти, поддршката на стопанството, но и на општините каде во изминатиов период се реализираат голем број капитални проекти со поддршка од централната власт. Очекувањата се дека годинава економијата ќе порасне за 3,5%.