И синдикатите го поздравуваат потегот на владејачкото мнозинство, кое со законски измени нуди решение за проблемот со вработените на определено време. Предлог-законот треба да го реши статусот на околу пет илјади вработени во органите на државната власт, дел од јавните установи од здравството, културата, детската и социјалната заштита, единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија, заводите, фондовите и другите институции.