Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Прилози

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Проекти и планови или етничка припадност? Едни повикуваат да се гласа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проекти и планови или етничка припадност? Едни повикуваат да се гласа за квалитет и понуда, други се обидуваат да фрлат етничка на локални проблеми. Пред вториот круг од вонредните избори во Брвеница, владејачката ВМРО-ДПМНЕ повикува националноста да се стави на страна и да се гласа за подобра иднина во општината. Активностите се сосем спротивни од другата страна, односно од коалицијата на ДУИ, од таму повикаа на етничко гласање и сите Албанци да гласале за нивниот кандидат. Премиерот Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да не дозволат поделби, кои се обидува да ги предизвика албанската опозиција.

-И сега одите по Европа и по светот, коленичите и викате вратете се во Брвеница да гласате, затоа што не смеат Кауриве да победат и да имаат свој градоначалник во Брвеница. Тие истите што избегаа од 20 години ваше владеење во Владата, вие ги избркавте тие млади луѓе, наместо денеска да се среќаваме во Теново, во Гургурница, во Радиовце, во Челопек, тие избегаа ради вас, изјави Мицкоски.

Од коалицијата на ДУИ пак повторно решија да ја политизираат Брвеница и во законодавниот дом. Пратеникот Скендер Реџепи Зејд вели дека тоа било избор меѓу вистинското и според неговите зборови некој да бидел некаде кираџија, алудирајќи дека сите Албанци требало да гласаат за нивниот кандидат.

Реклама

-Е борба помеѓу правото и лошото, е борба помеѓу слободата и тенденцијата еден цел народ да се претвори како кираџија во сопствената земја и затоа резултатот од првиот круг беше јасен, бидејќи во Брвеница имаше рефлексија на реалната ситуација во Македонија, изјави Реџепи Зејд.

Собранискиот спикер Африм Гаши изрази жалење што некој се обидува да му фрли етничка дамка на процесот во Брвеница.

-За жал во нашата држава се уште во некои делови и на некои избори ни се појавува, ни се повторува случајот да се делиме етнички итн. Особено кога зборуваме за локални избори, знаете работите кои се во делот на локалната самоуправа се работи кои немаат етнички призвук и предзнак, изјави Гаши.

Претходно градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на Влен, кажа дека би го поддржале кандидатот на ДУИ доколку покаже програма, што не е пропорционално на тоа што го покажуваат. Инаку, претходно Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата на ДУИ, повика сите Албанци да гласаат за канидатот на ДУИ, само од причина бидејќи бил Албанец.

Матеја Петровски