„Лепливи прсти“ е прекарот што контроверзниорт Ден Дончев го доби уште во 2020-та година откако на „јутуб“ се појави оваа снимка на која се гледа како тој брои и пакува поголема сума на пари во торба. За што бил наменет кешот и која била неговата улога никогаш не се откри. Иако тоа лето уредно си се одзва на полициската покана за разговор, си даде и оставка од директорската позција во ФЗО, одговори нема, затоа што Дончев си се врати од каде што и дојде – далечната Автралија. Кој знае дали е уште таму? Така што по се изгледа оттаму ќе одговара и за најновата пријава во врска со „Санте плус“.
- „Економијата е егзактна наука. Кога се студира економија над одредено ниво, над магистерско ниво, кога ќе стигнете до докторско ниво, голем дел од таа наука се сведува на математика“ рече Дончев во интервју во 2010 година.
Долга е раката со лепливите прсти на Дончев : наводи за уцена од 824 илјади евра, спорни финансиски трансакции и истраги со години ја следеа неговата работа додека беше во Македонија. најекспониран случаја за кој има судска пресуда, но не против него, е случајот „Диамед“ кој беше поврзан со продажбата на компанија за дијализа на шведскиот „Диаверум“.
Поранешната сопственичка Вера Иванова поднесе кривични пријави против Дончев и тогашниот министер за здравство Венко Филипче, тврдејќи дека се мешале во процесот на продажба и го убедувале шведскиот инвеститор да не ја купи компанијата. Подоцна изнесе и наводи за уцена, во кои го спомена и Зоран Милевски – Кичеец. За разлика од Дончев, случајот против Иванова доби судска разврска – Кривичниот суд ја прогласи за виновна за злоупотреба на службената положба и за перење пари. Доби условна казна затвор од две години а судот одлучи да бидат конфискувани 11,5 милиони евра.
- „Од обвинетата Вера Иванова се конфискува износ од 3.275.000 милиони евра, а од правното лице ББИ Компани Генерал Солушнс Сервис ЛТД се конфискува износ од 8.280.000 евра“, пресуди судот.
Пред избивањето на оваа афера, за Дончев се редеа приказни низ медиумите за неговите финансиските приливи додека раководел со Фондот. Според објавените информации, во 2018 година тој добил околу 50 илјади евра од македонската компанија „Ремаркет“, а во 2019 година уште 80 илјади австралиски долари директно од прекуокеанската компанија „Мегантик“.
Дончев тврдеше дека парите биле затоа што им давал консултантски услуги што ги извршувал за „Мегантик“ и дека за нив бил платен данок. Медиумите, пак, отворија прашања дали овие приходи биле соодветно пријавени во неговиот анкетен лист. Обвинителството ги проверуваше трансакциите, а Антикорупциската комисија побара објаснувања за приходите и имотната состојба на поранешниот директор. Но и за ова Дончев не договори.
Новинарските истражувања го поврзуваа името на Дончев и со фирмата „Вентуре Оне“. Неговата сопруга била наведена како управител на македонската компанија, која била поврзана со странска, регистрирана на Карипски острови кои важат за аночен рај. Таа фирма пак се поврзуваше со друга која имала договор со МТВ за сателитско емитување програма за македонската дијаспора.
Постара контроверза која датира од периодот 1998–2001 година е кога Дончев беше назначен за генерален директор на тогашниот државен Телеком. Во јавноста и од страна на политички опоненти со години се отвораа сомнежи за наводни високи провизии земени за време на приватизацијата и продажбата на 51 отсто од акциите на компанијата на странски конзорциум.

