Продолжува истрагата за двете убиства во Ѓорче Петров. Се испитуваат сведоци и се анализираат доказите, кратко информираат од Обвинителството. Обдукцијата во Институтот за судска медицина е завршена, а се прават дополнителни анализи, по што наодот ќе биде испратен до Обвинителството.
Четворицата уапсени за убиствата на 62-годишниот маж и 76-годишната жена, кои живееле сами, се зад решетки. Првиот краткотраен притвор од 48 часа истекува утре попладне. Обвинителството има можност повторно да побара краткотраен притвор за осомничените доколку оцени дека се исполнети законските услови за тоа.
Полицијата, според првичните информации, ги товари за разбојништво со последица смрт. Жртвите најверојатно биле убиени за да им бидат одземени парите и златото.

