Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Информација за случајот со жалбата на Вардар и постапката на Тиквеш во КОМЕТ системот

Фудбалската федерација на Македонија, во интерес на отворено и транспарентно информирање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фудбалската федерација на Македонија, во интерес на отворено и транспарентно информирање на јавноста во врска со поднесената жалба на ФК Вардар за неправилен настап на фудбалер на ФК Тиквеш на натпреварот од осминафиналето на Купот на Македонија, ја информира јавноста и за следните факти.

ФФМ, во ниту едно досегашно известување до јавноста или до клубовите, не посочи дека ФК Тиквеш извршил фалсификат на медицински документ на фудбалерот Окере Ебубе Висдом. Информацијата се однесуваше на внесените податоци во системот Комет, каде што во делот за лекарски преглед бил евидентиран документ на име на Милош Спасовски, кој не е член на ФК Тиквеш од 3 септември 2026 година.

Согласно Пропозициите за натпреварување за Прва МФЛ, во член 20, точка 6 стои:

Реклама

Потврдата за извршен лекарски преглед задолжително се внесува во Комет пред почеток на првенството и по истек на важноста.

Дополнително, денеска, во 14:26 часот, ФК Тиквеш извршил промена во системот Комет, при што во делот за лекарски документ е приложена спортско-медицинска потврда на име на Окере Ебубе Висдом, а исто така, Комет администраторот на ФК Тиквеш, лекарската потврда на име Милош Спасовски ја променил со статус – неактивен во 14:27 часот.


Притоа, ова не е првпат да се констатираат несоодветно внесени податоци во системот Комет од страна на ФК Тиквеш. Повторувањето на ваквите ситуации отвора сериозни прашања за точноста на податоците што клубот ги внесува во официјалниот систем и за одговорноста на лицата задолжени за нивното ажурирање и контрола.

ФФМ потенцира дека за основаноста на жалбата ќе одлучува надлежната Натпреварувачка комисија, исклучиво врз основа на важечките правила и прописи.

ФФМ останува посветена на транспарентно информирање, почитување на пропишаните процедури и доследна примена на правилата, со еднаков пристап кон сите клубови.