Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека оваа Влада конечно го решила…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека оваа Влада конечно го решила прашањето со стaтусот на професионални војници откако ќе навршат 45 години старост. Појасни дека тие можат да изберат дали ќе останат во Армијата, дали би сакале да преминат во друга државна институција или пак да заминат со отпремнина. Мислајловски истакна дека неговата порака како министер е дека на секој еден припадник на Армијата местото му е таму до остварувањето на правото на пензија. 

-На седница на Влада ја усвоивме оваа реформа, која многу години, децении, ја бараа професионалните војници. Оваа реформа предвидува нова можност, предвидува секој еден професионален војник кој ќе наврши 45 години да добие уште една можност што следува согласно закон. Зошто оваа рефеорма е посебна? Секој еден војник, кога ќе наврши 45 години, има можност да избере дали сака да земе отпремнина, која отприлика се движи од 30 до 40.000 евра, може да заминат во некоја институција во државата, но и да остане во Армијата – нагласи Мисајловски во одговор на пратеничко прашање. 

Тој, како што рече, е особено горд на фактот што многу од војниците кои претходно се изјасниле дека сакаат да заминат од Армијата со отпремнина, го промениле своето мислење и се изјасниле дека сакаат да останат во Армијата.

Реклама

– Мојата порака кон секој еден во Армијата, особено кон професионалните војници е дека секој еден местото е во Армијата. Во минатото немаше доволно можност, не можеа сите да бидат во подрачните единици во Министерството. И натаму ќе можат да бидат во тие подрачни единици, но, со формацијата сега правиме доволно место за секој еден да може да биде вработен на различни позиции, во разните единици. Јас затоа велам оваа реформа е нова можност и секој еден што ќе сака ќе може да ја искористи, Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука – рече Мисајловски одговарајќи на прашањето на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов.

Пратеникот побара појаснување на владината одлука за решавање на долгогодишниот проблем со професионалните војници кои навршуваат 45 години, за конкретните мерки, роковите за спроведување и придобивките што ќе ги донесе за оваа категорија припадници на Армијата.