Реклама

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Македонија

Андоновски: „М.услуги“ е почеток на нов однос меѓу граѓанинот и државата – јавните услуги и документи директно во мобилниот телефон

– Министерството за дигитална трансформација денес и официјално ја лансира мобилната апликација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерството за дигитална трансформација денес и официјално ја лансира мобилната апликација „М.услуги“, новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските документи на граѓаните.

На настанот во Македонската филхармонија, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претставници на институциите, Европската Унија, дипломатскиот кор, академската и деловната заедница и медиумите, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја претстави апликацијата и во живо ги демонстрира нејзините први функционалности.

– Кога почнавме со дигиталната трансформација, целта не беше да креираме уште апликации, портали и регистри. Прашањето беше многу поедноставно – како да ја направиме државата попристапна за граѓаните. Предолго државата за многу луѓе беше шалтер, работно време, документ што недостига и податок што државата веќе го има, но повторно бара од граѓанинот да ѝ го донесе. Со „М.услуги“ почнуваме да го менуваме токму тој однос – истакна Андоновски.

Реклама

Министерот потсети дека идејата за апликацијата почнала во 2024 година по неговото учество на Diia Summit во Цирих и запознавањето со украинскиот модел Diia. Концептот потоа беше развиен како дел од европскиот проект GovTech4All преку програмата Digital Europe.

– „М.услуги“ е замислена како единствен мобилен пристап до дигиталната држава – со дигитален идентитет, електронски документи, јавни услуги и известувања на едно место, а во следните фази и со интегрирани плаќања. Апликацијата е бесплатна и нејзиното користење е целосно доброволно. Таа претставува дополнителен, побрз и поедноставен канал за пристап до јавните услуги и електронските документи, без да ги укинува другите начини на кои граѓаните може да комуницираат со институциите. Целта е секој граѓанин, кој сака да ги користи придобивките од дигиталните услуги, да може тоа да го направи едноставно и без дополнителен трошок – рече тој.

За време на презентацијата, Андоновски во живо ја активира апликацијата и ја додаде својата електронска лична карта во дигиталниот паричник.

– Ова не е фотографија од личната карта, ниту ПДФ-документ. Ова е електронска верзија на документот во мобилниот телефон – посочи министерот.

Една од функционалностите што беше демонстрирана е можноста за селективно споделување податоци. Наместо корисникот да го покажува целиот документ кога треба само да ја потврди својата возраст, апликацијата овозможува да се сподели само потребната информација.

– Ако единственото прашање е дали едно лице е полнолетно, нема потреба да се споделуваат адресата, бројот на документот и сите други лични податоци. Современиот дигитален идентитет значи да се сподели само оној податок што е потребен – рече Андоновски.

Покрај дигиталните документи, преку „М.услуги“ граѓаните добиваат и мобилен пристап до првите електронски услуги.

Министерот нагласи дека целта не е постојните административни постапки само да се префрлат од шалтер на мобилен телефон, туку тие суштински да се поедноставуваат.

– Ако една постапка денес има седум непотребни чекори, успехот не е да направиме седум дигитални чекори. Треба да утврдиме кои од нив може целосно да исчезнат, кои податоци државата веќе ги има и што може институциите безбедно да разменуваат меѓу себе. Тоа е вистинската дигитализација – истакна Андоновски.

Тој потенцира дека „М.услуги“ е почеток, а не завршен производ, како и дека апликацијата континуирано ќе се надградува.

Во следните фази е предвидено воведување интегрирани плаќања, можност за користење фотографија во постапките во кои тоа е потребно, нови електронски документи, како изводи, уверенија и дипломи, како и значително проширување на бројот на достапни услуги.

– Нема првин да дигитализираме што е најлесно за администрацијата. Ќе дигитализираме што им е најпотребно на граѓаните – порача министерот.

Андоновски упати и повик до институциите активно да се вклучат со нови услуги и поврзување на системите, а до медиумите и граѓаните да ја тестираат апликацијата, да укажуваат на недостатоците и да предлагаат подобрувања.

– Од денес кругот на луѓе што ќе ја развиваат „М.услуги“ станува многу поголем. Институциите нека додаваат услуги и предлагаат подобрувања. Медиумите нека ја тестираат, нека нè проверуваат и нека нè критикуваат кога нешто не функционира. Граѓаните нека ја користат, нека ни кажат што им недостига и нека ни помогнат да ја направиме подобра. И, се надевам, нека уживаат во неа кога ќе им заштеди време, нерви и непотребно одење во институциите – истакна Андоновски.

Тој им се заблагодари на тимот на Министерството за дигитална трансформација, развојните и партнерските тимови, институциите вклучени во интеграцијата на системите, тест-корисниците, како и на меѓународните партнери, кои го споделија своето искуство во развојот на дигиталните државни услуги.

Министерот Андоновски упати посебна благодарност до Министерството за внатрешни работи и до министерот Панче Тошковски за соработката и поддршката во поврзувањето на системите и овозможувањето на првите електронски документи во „М.услуги“.

– Овој проект покажува дека дигиталната држава може да функционира само кога институциите работат заедно, ги поврзуваат своите регистри и ја ставаат услугата за граѓанинот пред институционалните граници – истакна Андоновски.

Благодарност беше упатена и до Европската Унија, која преку програмата Digital Europe финансиски го поддржа проектот, како и до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за поддршката во реализацијата на проектот.

Според Андоновски, успехот на „М.услуги“ нема да се мери само според бројот на преземања на апликацијата, туку пред сè според времето што ќе им биде заштедено на граѓаните, бројот на непотребни административни чекори што ќе бидат отстранети и бројот на услуги што ќе може целосно да се завршат дигитално.

Дигиталната трансформација не е успешна затоа што администрацијата користи технологија. Успешна е кога граѓанинот чувствува дека државата му станала поедноставна. „М.услуги“ денес не е крајот на тој процес. Ова е почетокот. Од денес почнуваме да го менуваме она што граѓанинот треба да го очекува од својата држава – држава која е поблиску, поедноставна и подостапна – порача министерот Андоновски.