Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

Пејковски: Националниот ден на Унгарија во знакот на културната дипломатија и европското пријателство

По повод Националниот ден на Унгарија, проф. д-р Зоран Пејковски, директор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Националниот ден на Унгарија, проф. д-р Зоран Пејковски, директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, присуствуваше на свечениот прием организиран од Бернадет Колар, вршителка на должноста амбасадор на Унгарија.

-Свеченоста, посветена на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција и борбата за слобода од 1956 година, претставуваше израз на почит кон едно од најзначајните поглавја во современата историја на Унгарија. Револуцијата од 1956 година останува траен симбол на стремежот кон слобода, национално достоинство и право на самоопределување, потврдувајќи го значењето на вредностите што го обликуваат историскиот идентитет и колективната меморија на еден народ – се вели во соопштението на КИЦ Софија.

Ваквите дипломатски средби, наведуваат оттаму, придонесуваат кон продлабочување на меѓусебната доверба, размена на културни и духовни искуства и зацврстување на пријателските односи меѓу државите и народите. Културната дипломатија, како суптилна, но суштинска димензија на меѓународната соработка, овозможува различните историски искуства и културни идентитети да станат основа за взаемно разбирање и заедничка европска перспектива.

Реклама

-Културата не е само чувар на историското наследство и израз на творечката мисла, туку и суштински темел на духовниот идентитет и цивилизацискиот континуитет на народите. Нејзината вистинска вредност се согледува и во способноста да создава простор за меѓусебно препознавање, да поттикнува дијалог и да воспоставува врски што ги надминуваат географските и историските граници – наведуваат од КИЦ Софија.