Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Балкан

18 листи на предвремените парламентарни избори во Србија в недела

Во Србија е во тек изборниот молк, кој ќе трае до недела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Србија е во тек изборниот молк, кој ќе трае до недела во 20 часот, кога ќе бидат затворени избирачките места. На изборите учествуваат 18 изборни листи, а право на глас имаат околу 6,5 милиони граѓани, кои ќе избираат 250 пратеници во Народното собрание. Меѓу 18-те изборни листи што се натпреваруваат за местата во српското Собрание се „Александар Вучиќ – Обединета Србија“, „Ивица Дачиќ – Фактор на стабилноста“ и „Студентска листа – Студентите победуваат“. Два дена пред предвремените парламентарни избори во Србија, анкетите не покажуваат јасен фаворит. Поддршката за студентската листа „Студентите победуваат“ и за листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ варира во зависност од агенцијата, методологијата и периодот на спроведување на истражувањата. Аналитичарите оценуваат дека станува збор за едни од најнеизвесните избори во Србија од воведувањето на повеќепартискиот систем во 1990 година.