Нови млади сили во македонската армија, питомците на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ свечено ја дадоа заклетвата за одбрана на државата. Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, после месец дена основна обука, питомците официјално и свечено станаа дел од македонската воена академија. Во новиот клас се бројат 34 питомци 28 од кои се од македонија а 6 од Босна и Херцеговина. Новите надежни војници сложно и заеднички се заколнаа дека ќи бранат слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на Македонија .
„Отсекогаш сум сакала да и служам на мојата држава и отсекогаш тоа беше желба. Еве оваа прилика ќе ја искористам да им препорачам на сите млади коишто сакаат да напредуваат во својата кариера коишто се спремни на еден ваков предизвик. Од обичен цивилен живот одиме на еден војнички режим којшто се разбира е потешко да се навикнеш на тоа. Но се разбира дека со тек на време заедно тимски работевме и нашите командири не учеа да работиме и да функционираме во тим, заедно успеавме да ги надминеме сите предизвици“ , изјави Софија Ристеска, питомец
„Јас се запишав поради дсициплината, честа што ја носиме со оваа униформа. Гордоста и одговорнноста којашто ја носиме не само во воениот живот таа се префрла и во цивилниот живот овде учиме пред се да станеме чесни и одговорни луѓе“, изјави Матеј Јованов, питомец
„Горда сум што сум дел од сето ова и што ја претставувам својата држава. На почеток беше малку тешко но покасно се навикнав и како припадник на армијата не треба да биде ништо тешко“, изјави Мерсиха Новалиќ, питомец
Питомците додадоа дека изградувањето на една челична дисциплина е основа за еден успешен офицер кој во иднина ќе биде на готовс за својата татковина.
„По првите војнички искуства и предизвиците на основната обука на Криволак денес гордо стоите пред знамето на нашата татковина откако ја дадовте заклетвата која ќе ве обврзува во текот на целиот ваш живот Заклетвата не е само свечен чин, таа е збор на чест личен завет и ветување дека татковината должноста и достоинството секогаш ќе бидат пред личниот интерес“, изјави Ненад Танески, декан на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
„Во иднина ќе ја ќувате татковината со знаење и со одговорност ќе ја водите армијата со личен пример и ќе ја оправдувате довербната на граѓаните со својата професионалнсот и интегритет, ќе научите да носите одлуки но и да ја преземете одговорноста за нив“, изјави Владо Мисајловски, министер за одбрана
Поддршка на младите питомци има дадоа и нивните семејства и пријатели кои присуствуваа на свечената церемонија.

