Заработиле речиси 200 илјади евра преку брзи кредити на туѓо име. Две жени од Куманово и петмина банкарски службеници добија кривична пријава поради сомнежи за финансиска измама во која биле злоупотребени лични податоци на повеќе граѓани. Случајот се однесува на 18 барања за брзи кредити поднесени во период од седум месеци во текот на годинава.
„Првопријавената, во периодот од јануари до јули 2026 година во 18 наврати, искористувајќи лични податоци на повеќе лица, во нивно име и без нивна согласност аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплата на парите, тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената“, изјавија од МВР.
Освен двете кумановки, на возраст од 23 и 35 години, кривичната пријава опфаќа и петмина вработени во филијала на една банка, за кои полицијата се сомнева дека ја злоупотребиле службената положба и овластувања, овозможувајќи парите да стигнат до двете жени , иако знаеле дека станува збор за измама.
„По одобрувањето на исплатата на парите, тие биле противправно присвоени од прво и второпријавената. Останатите пријавени, вработени како банкарски службеници во филијала на една банка, овозможиле реализација на измамата и располагање со парични средства.“, велат од МВР.
Седумте лица се опфатени со кривична пријава, а истаргата е во рацете на надлежние институции. Одговорноста на секој од пријавените ќе се утврди во понатамошната постапка. Случајот го отвора прашањето за одговорноста на финансиските институции при обработка на личните податоци, како и безбедноста на граѓаниоте.

