Втор ден од надзорната расправа за Алта банка. И денес опозицијата продолжи со ширење страв и паника, наспроти смирените, аргументирани и стручни одговори на експертите и претседателката – пишува на својот профил на Фејсбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Наместо политичко драматизирање, расправата треба да биде во функција на фактите, институционалната одговорност и објективното утврдување на состојбите.
Фактите и стручноста треба да бидат посилни од политичките конструкции и обидите за создавање паника.

