Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Во Скопје мирен протест на Движењето „Ниту една повеќе“ против насилството врз жените

Со едноминутно молчење во спомен на жените и девојките чии животи беа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со едноминутно молчење во спомен на жените и девојките чии животи беа насилно одземени, вечерва во Скопје, започна протестот на Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“. Протестот започна пред Собранието, поворката се движеше низ центарот на градот и ќе заврши пред Министерството за внатрешни работи.

Ова, како што беше посочено, е протест против институциите коишто цела година молчат. – Нема повеќе изговори, нема да ви дозволиме да закопате уште една жена. Женската борба денес е борба за живот. Продолжува со сите нас и со почит кон сите жени, девојки и девојчиња чии животи беа насилно одземени – беше потенцирано на протестот. 

Во обраќањата пред Собранието, пред насобраните претежно млади девојки и момчиња, претставниците на Движењето кажаа, како што беше нагласено, шест наредби до институциите и побараа тие да бидат реализирани до 10 декември – Денот на човековите права. 

Реклама

– Денеска наредуваме шест конкретни наредби до институциите. Каде е сега итната постапка? Најитно донесување на законските измени за заштита од насилство, особено на Законот за спречување и заштита на жените и семејното насилство, поднесени на 26 август во Собрание. Рокот ви е до 10 декември. Во спротивно ќе го славиме Денот на човековите права на 10-ти пред Собранието – рече Анастасија Павловска од Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“.

Таа исто така побара и носење на осумте закони за кои е формирана работна група, меѓу кои и законите за полицијата, за семејството, социјалната заштита, правосудството и други. Побараа најмалку 200 милиони денари за специјализирани услуги за заштита и поддршка на жртвите на насилство, активна работа за системско искоренување на насилството, усвојување и јавно објавување на заклучоците од собраниската Надзорна расправа за родово базирано насилство со најконкретни институционални задолженија, рокови и механизми за следење.

– Родовата еднаквост е уставна категорија и не само тоа, дел е од нашата антифашистичка историја, еманципација, и нашата гласност со тие вредности нема пиши-бриши поради странски влијанија и притисоци – рече Павловска. 

Исто така побараа повлекување на, како што беше кажано, сите регресивни измени во законите за основно и средно образование, учебниците и сите други алатки и програми. 

Во обраќањето пред Собранието Мартин Џорлев рече дека одговорните треба конечно да преземат одговорност за фемицидите, за сета смрт, за корупцијата и за уништувањето на нивниот идентитет. 

– А вам, оние кои стоите на патот на правдата – политичари, судии, полицајци, насилници, парољупци… на сите ви се обраќаме со многу гнев, ама и сепак со многу емпатија за своите сограѓани. Без правда, нема мир. Без луѓе, нема правда, а тие луѓе сме сите ние и додека не ја добиеме правдата, мир за вас ќе нема – рече Џорлев.

Заедно со демонстрантите беше и пратеничката Моника Зајкова од ЛДП, други политичари и личности од јавниот и општествениот живот во земјата.