Реклама

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Прилози

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Започнал првиот час, започнало и пукањето – ученик со пушка влегол во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започнал првиот час, започнало и пукањето – ученик со пушка влегол во средно училиште во Србија  и почнал да пука во холот. Матурант од првата техничка школа во Крагујевац со малокалибарска пушка ранил хигиеничарка и уште една жена вработена во училиштето. За среќа веднаш по дојавата за пукањето, пристигнала полицијата која успеала за кратко да го совлада напаѓачот,  а учениците биле евакуирани и никој од нив  не е повреден.

„Учениците од првата техничка школа безбедно ја напуштија зградата во утринските часови имаше пукање, ученик од четврта година ранил колешка вработена во првата техничка школа, колешката не е во животна опасност, поради брзата реакција на минситерството за внатрешни работи, ученикот е уапсен. Се надеваме дека набргу ќе се вратиме на нормална настава“, изјави Немања Јоксимовиќ, директор на Првата техничка школа

Мотивот за пукањето засега е непознат,  а директорот на училиштето посочи дека осомничениот ученик претходно не покажувал знаци на насилство и проблематично однесување. Т инејџерот го користел оружјето на својот татко, тврдат српските медиуми,. Истрагата треба да утврди како 17-годишникот дошол до пушката и дали тоа било соодветно обезбедено во семејниот дом.

Реклама

Од српското министерство за образование информираа дека е формиран кризен штаб.

Денешното пукање во училиште во Крагуевац се случи три години по едно од најтешките злосторства во поновата историја на Србија. На 3 мај 2023 година, 14-годишен ученик со пиштолот на својот татко уби девет соученици и еден припадник на обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Во нападот беа ранети уште пет ученици и еден наставник.