Реклама

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Македонија

Николоски пред Американската стопанска комора: Дигитална држава значи развој и просперитет, одлучивме државата да ја движиме кон патот на развојот

Одлучивме Македонија да ја развиваме, да ја движиме напред и мора да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одлучивме Македонија да ја развиваме, да ја движиме напред и мора да ги прифатиме предизвиците на новото време, а тоа се дигитализацијата и вештачката интелигенција, -порача заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски обраќајќи се на конференција на Американската стопанска комора во Македонија (Ам чам) за дигитална трансформација, која денеска се одржува во Скопје.

Николоски истакна дека дигиталната ера и забрзаниот технолошки развој веќе суштински го менуваат начинот на функционирање на бизнисот, општеството и институциите посочувајќи ги конкретните проекти на кои се работи, меѓу кои изградбата на национален податочен центар, воспоставувањето национален едношалтерски систем, воведувањето дигитална наплата на патарините и интелигентни транспортни системи за модернизација и поголема безбедност на сообраќајот.

– Овие промени отвораат огромни можности во секое поле на дејствување, покрај во економијата, во здравството, во транспортните системи и речиси во секој сегмент на општеството – истакна Николоски.

Реклама

Тој посочи дека Владата веќе работи на реализација на стратегијата „Смарт Македонија 2030“, а еден од клучните проекти на кои се работи е изградбата на првиот државен национален податочен центар.

– Со Министерството за дигитална трансформација веќе работиме на развој на првиот државен национален податочен центар. Интензивно работиме на таа тема. Тој треба да почне со градба веќе в година. Во моментот се работат сите процедури кои се поврзани со урбанизација и со целата потребна документација со цел да може да почне изградбата. Идејата е овој податочен центар да им служи на државата и на државните институции, на едно место да се соберат сите државни институции. Сега имаме еден систем кој е раштркан, неорганизиран, секоја институција води сметка сама за себе – најави Николоски.

Во напредна фаза сме, додаде, на креирање национален едношалтерски систем, кој е замислен како централизирана платформа, која ќе овозможи сите релевантни институции да работат во заедничка дигитална платформа.

Во своето обраќање тој го најави и воведувањето на новиот систем за електронска наплата на патарини.

– Не зборуваме за отворен или затворен систем на патарини, туку воопшто нема да има патарини на патот и начинот на кој ќе се наплаќа користењето на автопатот ќе биде од изминат километар, што е далеку, далеку поправедно од системот што го имаме сега – појасни Николоски.

Првата примена на овој систем, како што истакна, е планирана на автопатот Охрид – Кичево, чија изградба треба да заврши до крајот на мај 2027 година.

Во делот на транспортот, Николоски најави и воведување интелигентни транспортни системи.

– Во финална фаза сме на промена на легислативата со цел воведување интелигентни транспортни системи. Се работи за пет закони, три во надлежност на Министерството за транспорт, еден во надлежност на Министерството за внатрешни работи и еден во надлежност на Министерството за локална самоуправа – потенцира Николоски.

Тој потврди дека со поддршка на Светската банка веќе е потпишан договор за воведување интелигентни транспортни системи на Коридорот 10, на делницата од Табановце до Гевгелија, а нивната примена се очекува кон крајот на 2027 или почетокот на 2028 година.