Реклама

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Македонија

Трибина во Куманово за машкото здравје, лекарите апелираат на редовни превентивни прегледи

Секторот за култура, спорт, социјална и здравствена заштита од Куманово, денеска организираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секторот за култура, спорт, социјална и здравствена заштита од Куманово, денеска организираше трибина „Машки муабети“ по повод месецот посветен на машкото здравје. Целта на трибината, како што информираа организаторите, е подигање на свеста за машкото здравје, надминување на стигмата и поттикнување на редовни превентивни контроли.

На трибината учествуваа лекари и ученици од стручните училишта. Во фокусот на разговорот беа значењето на превенцијата и навременото откривање на заболувањата кај мажите. Раководителот на секторот, информираше дека трибината е продолжение на активностите за подигање на јавната свест за здравјето, откако претходно била организирана трибина посветена на женското здравје.

– По трибината во октомври посветена на женското здравје, која испрати силна порака во јавноста, денеска организираме и трибина за машкото здравје. Оваа тема сè уште е проследена со одредена стигма во јавноста и затоа сакаме да поттикнеме отворени разговори за превенцијата и заштитата на машкото здравје. Соработката со граѓанскиот сектор е добредојдена и во 2027 година ќе продолжиме со вакви активности, но и со други трибини посветени на здравјето на граѓаните на Општина Куманово – изјави Дејан Стојановски.

Реклама

Д-р Никола Стефановски од Ургентен центар апелираше до мажите редовно да ги посетуваат матичните лекари и да не ги одложуваат превентивните прегледи, особено оние поврзани со уринарниот систем.

– Апелирам до сите мажи најмалку еднаш годишно да направат превентивен преглед кај матичен лекар, кој по потреба ќе ги упати на специјалистички уролошки преглед. Не постои строго определена возраст за почеток на превентивните контроли, бидејќи превенцијата е важна за сите возрасни групи. Со лабораториски испитувања и ултразвучен преглед на уринарниот тракт може да се добие увид во здравствената состојба и навреме да се откријат одредени промени – изјави д-р Стефановски.

Тој посочи дека отежнатото мокрење, печењето и болката при уринирање, како и појавата на тврдина во пределот на скротумот, се симптоми поради кои мажите треба да побараат лекарска помош.

– За жал, дел од пациентите се јавуваат на лекар дури откако ќе се појават симптоми, а понекогаш тогаш веќе може да биде доцна. Затоа превентивните прегледи се од големо значење. Прегледот не е болен и започнува со лабораториски испитувања, а по потреба се прави и ултразвучен преглед на бубрезите, мочниот меур и тестисите, нагласи Стефановски.

Тој додаде дека во Куманово има специјалисти од оваа област, како и лекари кои се на специјализација по урологија.