Вработените во битолската Зоолошка Градина во пресрет на постудените денови и претстојната зима, ширум градината, поставија нови куќарки за птици.
Грижата за нашите пердувести гости е голема, а со оваа акција обезбедуваме сигурно, топло засолниште и поддршка на слободните птици во презимувањето, кога природната храна и условите се потешки, истакна Жарко Тренкоски, директор на општинската установа „Зоолошка Градина“ Битола.

-Гостите на Зоолошката сега ќе имаат можност да уживаат во уште побогат природен амбиент и звуците на нашите мали станари, кои се верен чувар на екосистемот. Во оваа прилика сакам да издвојам уште една новина во нашето работење. Имено со Црвениот крст, Општинска организација Битола потпишавме Меморандум за соработка, со кој започнува ново партнерство во името на хуманоста и грижата за живиот свет – нагласи Тренкоски.
ОЈУ „Зоолошка Градина“ Битола и ОО Црвен крст Битола во наредниот период ќе работаат на подигнање на свеста кај граѓаните, особено кај најмладите, за солидарноста, емпатијата и одговорниот однос кон околината и сите живи суштества.

