Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

На билатеризацијата треба да и се стави крај, при мерењето на напредокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На билатеризацијата треба да и се стави крај, при мерењето на напредокот за членство во ЕУ. Исполнувањето на фундаменталните обврски, усогласувањето со надворешната политика на ЕУ и исполнување на копенхашките критериуми, треба да бидат основа за мерење на успехот на секоја земја и нејзината подготвеност за членство во Унијата. Министерот за Надворешни работи тимчо Муцунски, на министерскиот состанок во Атина ја нагласи важноста од кредибилен и предвидлив процес.

„Имав можност да остварам и билатерална средба со мојот колега Герпатрадиси, каде што зборувавме за билатералните односи, за проектите ки што се од заедничко значење, тоа е пред се инфраструктурното и енергетското поврзување, силните економкси и трговски односи кои гима мешу двете држави, добрите политички односи кои работиме постојано да ги надградиме, но и да работиме заеднички да изнаоѓаме решенија на дел од предизвиците кои ги имаме. На пример една таква тема која што ја отворивме и бараме заеднички решенија е се уште актуелната тема поврзана со нашите транспортери, така да зборувавме во позитивна смисла и во она што треба понатаму подобро да го правиме“, изјави Муцунски.

ТИМЧО МУЦУНСКИ, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Реклама

Грчкиот министер за надворешни работи лично го пофали Муцунски за исполнувањето на реформите и напредокот на земјава на патот кон ЕУ. Тој вети силна поддршка за Западен Балкан.

„Како најстара земја членка на Европската Унија во регионот, Грција нема да штеди напори за поддршка на европските аспирации на Западен Балкан, особено во пресрет на нашето претседавање со Советот на Европската Унија во 2027 година. На тој начин ќе обезбедиме Унија на рамноправни членки, со сите права и обврски што произлегуваат од членството“, изјави, Јоргос Герапетритис, Министер за надворешни работи на Грција.

Еврокомесарката за проширување, порача, Унијата е отворена за прием на нови членки. Кос, очекува токму Грција да биде земјата која ќе придонесе за побрз напредок на земјите од Западен Балкан, по преземањето на претседателствувањето со Советот на Европската унија на средината од следната година.

„Живееме во предизвичкувачки геопилитички предизвици и секако дека е важно за нас како ЕУ да испорачаме, затоа го објавивmе соопштението за подготвеноста на ЕУ и тоа е чисто, одговорот е Да, ЕE е подготвена за следната рунда на проширување, во време на котнинуетот на грчкото претседателство во втората половина од слендата годин и ќе работи посветено на процесот на проширувањето“, додаде Марта Кос, еврокомесарката за проширување на ЕУ.

На маргините, на министерскиот состанок, Муцунски остварил средба со Анита Орбан, шефицата на унгарската дипломатијата која исто така изразила несебична поддршка за процесот на проширување на ЕУ со Македонија и останатите земји од Западен Балкан. На средбата било изразено и задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработката меѓу двете земји, како и подготвеност за нивно натамошно унапредување во областите од заемен интерес.

Средбата на министрите во Атина, доаѓа во пресрет на самитот ЕУ-Запдаен Балкан кој ќе се одржи во Брисел на 25 ноември.