Внимателно да се следат децата од страна на родителите со кого и на каков начин комуницираат на социјалните мрежи посочуваат психолозите. Во онлајн просторот ги демнат голем број опасности затоа е многу важно да се следат нивните реакции и однесувања. Посочуваат на одредени знаци кои би можеле да укажат ако се изложени на влијание или притисок на онлајн групи, особено по предупредувањето за групата ,,764’.
-Најчесто тоа што се покажува кај децата е еден вид на повлекување, промена на расположение или осцилација во однос на расположение од еденн момент расположено дете кон повлечено дете, намуртено несигурно, тие се првите симптоми што треба да се видат. Намалување на социјалниот круг исто така, намалување на желбата да се дружат со другарчиња да одат на одредени настани да учествуваат во други активности–-вели психологот Фики Гаспар.
Психолозите велат дека многу е важно да приметат какво им е расположението особено по користењето на мобилен телефон. Додаваат дека исто така важна е и улогата на наставниците да забележат дали има некои промени во однесувањето. Намален успех, намалена концентрација на часовите, немање мотивација, се знаците кои треба да бидат сигнал дека детето се соочува со некој проблем. Ако постои ваков сомнеж потребно е веднаш да се реагира за да се вклучат стручни лица.
-Контролата е важна да, многу зависи нели за која возраст се работи додека збориме за адолесценти кои што се да кажеме веќе во средни крајните години на средното училиште тие се повозрасни малку по независни и со нив треба јасна комуникација, следење во однос на соработка помеѓу родителот и детето, следење на што е тоа што комуницира и голем фокус на објаснување кои се потенцијалите за комуникација со одредени лица-вели психологот Фики Гаспар.
Екпертите велат дека многу е важно навреме да се детектира проблемот за да не дојде до несакани последици. Додаваат дека позади една обична онлајн комуникација може да се кријат сериозни притисоци и уцени и токму поради тоа треба навреме да се заштитат младите од насилни онлајн групи. Апелот од експертите следи откако МВР предупреди дека опасна онлајн заедница ,,764” дејствува во Македонија. Членовите на групата воспоставуваат контакт со деца преку популарни апликации, социјални мрежи и видеоигри.

