Реклама

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Обвинение за смртта на работникот кој падна во окно од лифт, охридското обвинителство гони две лица и две фирми

Николоски: Владата ги претвора плановите во видливи резултати на терен – 100 милиони денари за локалната инфраструктура во Валандово

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Прилози

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Демографските промени во државата, најмногу условени од иселувањето, го наполнија до максимум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демографските промени во државата, најмногу условени од иселувањето, го наполнија до максимум капацитетот на Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ во Прилеп. Во 50 соби сместени се 150 корисници од цела Македонија. И покрај финансиските и кадровските предизвици, надлежните велат дека во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади се прават напори за подобрување на условите за живот на штитениците.

„Оваа година имавме проблеми и со кадровскиот потенцијал, за којшто сметам дека во 2027 година ќе биде надминат. Сметам дека и во однос на општите услови, одржувањето на хигиената и обновувањето на инвентарот во собите, поинтензивно ќе се работи во текот на 2027 година, за што со заеднички сили работиме со менаџментот на оваа јавна општинска установа и со буџетот на Општина Прилеп“, изјави градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.

Задоволен од досегашната поддршка е и директорот на установата. Очекувањата се дека зголемените блок-дотации од државата ќе овозможат нови вработувања, особено на медицинскиот и негувателскиот персонал, кој сега е во дефицит.

Реклама

„Имаме одговор дека би добиле согласности за наредната година за нови вработувања, покрај овие сегашните, бидејќи показател ни е покачувањето на блок-дотацијата, која е прилично добра. Од 18 милиони лани, годинава добивме на буџетската сметка 26 милиони. При разговорот со министерот, му благодарам за ваквата дотација, прилично зголемена во однос на претходната година“, рече директорот на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ – Прилеп, Благојче Стојаноски.

Во рамки на Неделата за грижа за старите лица, Општина Прилеп и Тутунскиот комбинат донираа 10 телевизори за потребите на Домот, каде што беше одржана и приредба под мотото „И ние сме ваши деца“.

Домот за стари лица во Прилеп е изграден во 1974 година, а поради големиот интерес за сместување, сериозно се размислува и за проширување на неговите капацитети.