Реклама

Инфлацијата под контрола, мерките на Владата треба да придонесат за уште посилен ефект

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Нема повредени во пожарот во ГОБ „8 Септември“, отпушок од цигара најверојатно причина за огнот

Дипломатска офанзива на Мицкоски: Важно е да се презентираат позициите на Македонија, кои некои не ги поддржуваат, ниту разбираат

Народната банка ја проверува документацијата на кандидатите за купување на „Алта банка-Битола“

Трамп, Путин и Си во заедничка изјава: Нуклеарна војна не смее да има

Германија ја преполовува квотата за работници од Западен Балкан, работа за квалификувана работна сила има во Македонија

Нa негирањата треба да се одговори со наука и аргументи – Институтот за историја одбележува 80 години постоење

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го доставија акцискиот план за кравите во Крива Паланка – предлагаат шест итни мерки

Војна за тронот: Груби и Османи се гледаат преку нишан што ја зголемува можноста за длабок раскол во ДУИ

Полиција влезе во „Макстил“ – се истражува еколошки криминал

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Прилози

Судење за соѕиданите 350 илјади евра – одбраната ја оспорува ДНК трагата на парите

Соѕиданите пари на судијата Ѓоко Ристов се контаминирани поради начинот на кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соѕиданите пари на судијата Ѓоко Ристов се контаминирани поради начинот на кој се собрани како доказен материјал. Според техничкиот советник Атанас Козарев, кој воедно е и сведок на одбраната, парите можело да се пренесе или внесе туѓа днк. Во неговата стручна анализа биле начинот на постапување на овластените службени лица за време на претресот, извршен на 18 јануари 2026 во Неготино.  Тој го анализирал постапување на истражителите со фолиите и банкнотите каде што биле пронајдени, отворани, раздвојувани, означувани и пакувани. Но, обвинителката на случајот Хаџи Василева го сопорува наододот и тврди дека сведокот нема стручна експертиза за да вештачи билолошки траги.

Технички советник, но она што го направил не е ваештачење, туку заклучоци , осврт кон постапувањето тоа не е стручен наод, не може да е пандан на она што е вештачење за доказите што беа најдени. Одбраната оди на пропусите, но ништо супштински, врз основа на експертизата за биолошки траги на днк од Ѓоко Ристовски. Профилот на овој технички советник не може да да има соодветно образование за осврт на днк материјал.

Давидовиќ, пак, тврди дека сведокот има доказ според кој доказите на обвинтелството се контаминирани.

Реклама

Спори  за начинот на кој се обезбедени днк трагите. Според стандардите кои требале да биде применети не се испочитувани.

Судскиот процес против судијата на Апелацискиот суд Скопје, Ѓоко Ристов, се води за непријавени 350.000 евра пронајдени скриени во ѕид при претрес во домот на неговите родители во Неготино на 18 јануари 2026 година, за кои Обвинителството тврди дека не се поткрепени со законски приходи и докази за потекло.

Ристов се сомничи дека, како службено лице и судија во Апелацискиот суд Скопје, давал лажни податоци за сопствениот имот и имотот на семејството, прикривајќи имот кој значително ги надминува неговите законски приходи, спротивно на обврската за пријавување на имотната состојба. Обвинителството тврди дека располага со докази за сопственоста на паричните средства, додека Ристов се соочува со обвинение за прикривање имот.

Постапката ја води судијката Билјана Коцевска, а следното рочиште е закажано за 9 декември.