Случајот со Ива Михаилова ги разголи методите на бугарските разузнавачки служби во Македонија и го покажа целиот парадокс во односите меѓу двете земји. Додека од Софија постојано стигнуваат обвинувања дека Скопје не го спроведува Договорот за добрососедство, на терен се повлекуваат потези што ги продлабочуваат тензиите. Овој случај и дава можност на Македонија да алармира пред Европската унија за однесувањето на бугарските власти и за тоа, на што се тие се спремни за да ги постигнат своите државни цели во политиката спрема Македонија
Македонија треба максимално да го искористи овој случај во промоција на нашите интереси. Бугарија го гази договорот за добрососедство, инсистира на уставни измени,а сето ова е наадвор од нормални односи меѓу двете земји. Македонија да заземе позиција што ќе ја води и спрема Брисел и спрема светот.
Не само дел од дипломатите. И безбедносните експерти се согласни дека разузнувачките бугарски служби и нивната вмешаност во случајот ги отвори прашањата за нивната улога и влијание врз односите меѓу Скопје и Софија.
Друг безбодносен експерт во разговор за Алфа, потенцира дека е јасно оти делувањето на службите е по наредба на бугарската власт. Тоа само покажува дека разузунувачките служби работат на интерес на исполнувањето на джавни цели, а очигледно целта на Бугарија била да ги наруши соседските односи со нашата држава.
Не само Бугарите, на македонска териротија долги години наназад роварат и српските, албанските и грчките служби. Познавачаите коментираат дека случајот со бегалката од Кочани е дел од делувањето на тајните служби и не е ништо ново, некое лице како Михаилова да се употреби како средство за исплонување на некои државни интереси.

