Реклама

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

Прилози

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Нови  735 илјади евра ќе добијат македонски компании за повеќе инвестиции во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови  735 илјади евра ќе добијат македонски компании за повеќе инвестиции во производство. Се работи за пари од Унгарскиот кредит, кои се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка која потоа им ги префрла на деловните банки за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните бизниси. Во Буџетот за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 250 милиони евра. Со оваа последна транша, вкупната финансиска инјекција до компаниите досега изнесува 242 милиони евра.

„Вкупната поддршка којашто Владата досега ја реализираше во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари и има значајно влијание врз реализација на приватни инвестиции и поддршка за економската активности. Во Буџетот за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 250 милион евра“ – Министерство за финансии.

Премиерот и министерката за финансии во повеќе наврати нагласија дека оваа помош треба да придонесе за поголемо производство, развојни инвестиции во приватниот сектор и придонес кон економскиот раст.

Реклама

Првата транша од Буџетот кон Развојната банка и домашните компании Министерството за финансии ја реализираше во март минатата година. Владата ги обезбеди парите од од унгарската Експорт-импорт банка. Компаниите аплицираат за заеми по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Државната ревизија минатиот месец излезе со позитивен извештај за поделбата на парите преку Унгарскиот кредит до февруари 2026-та. Ревизијата покажала дека најголем дел, или над 100 милиони евра се насочени во дејноста производство, по што следуваат трговијата и транспортот. Според намената на инвестициите, најмногу се вложувало во градежни објекти и опрема. 60% од кредитите биле наменети за малите претпријатија, но од друга страна, најголема сума добиле големите компании кои за 94 проекти примиле 77 милиони евра.